Вести
Најмалку 47 убиени во нападот со камион бомба во Ирак
Во нападот со камион бомба во неделата на контролен полициски пункт на приод од градот Хила, јужно од ирачката престолнина Багдад, убиени се 47 луѓе, соопштија полициски и медицински извори.
„Нападот е изведен на контролна рампа на северниот влез во градот Хула“, изјавил за AFP функционер на покраинскиот совет на Бабел. Медицински извор рекол дека 20 припадници на безбедносните сили се меѓу 47-те убиени во атентатот во кој се ранети најмалку 72 луѓе.
Станува збор за најтешкиот напад изведен со автомобил бомба од почетокот на годинава во Ирак.
Камионот бил полн со експлозив и експлодирал кога агенти на безбедноста го запреле на контролна рампа додека се обидувал да влезе во Хила. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат големи оштетувања на рампата каде што вообичаено се создаваат долги колони возила во претпладневните часови додека чекаат да ги минат безбедносните контроли.
Сунитската џихадистичка група Исламска држава ја презема одговорноста за овој самоубиствен напад, во соопштението објавено на социјалните мрежи, Исламската држава наведува дека бомба самоубиец ја предизвикал експлозијата на контролниот пункт на приод од градот Хила. „Рафидите (пежоративен назив за муслиманите шиити кои екстремните сунити ги сметаат за еретици – з.р) мора да разберат дека борбата само што започна и дека претстои најлошото“, се наведува во соопштението.
Во март 2014 година во самоубиствен напад на периферијата на Хила беа убиени 50 луѓе и ранети беа повеќе од 150. Сунитската екстремна група Исламска држава ја презема одговорноста за речиси сите напади, повеќе нема фиксни бази на југот од Багдад откако владините сили и милициите на мнозинското шиитско население покренаа контраофанзива врз џихадистите кон крајот 2014 година.
Во последната година џихадистите загубија големи области во Ирак и целта на последната голема офанзива на ирачките сили со поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД, е заземањето на областите западно од Самара и северно од Багдад.
Во градовите кои и натаму се под контрола на Исламската држава сé поизразени се тензиите поради недостаток од продукти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.