Црна хроника
Момченце во Алабама ослободено по седмица заложништво со напад на ФБИ

Петгодишно момченце коешто злосторник цела седмица го држеше затворено во бункер во американската сојузна држава Алабама, е ослободено по акција на припадници на федералното истражно биро FBI, јави ноќта кон вторникот AFP повикувајќи се на претставници на бирото.
Претходно беше објавено дека за време на операцијата бил неутрализиран грабнувачот, 65-годишниот Џими Ли Дајкс, а детето е ослободено и е безбедно.
„Во изминатите 24 часа состојбата се влоши, а во рацете на Дајкс беше забележано оружје. Во тој момент, плашејќи за непосредна закана за животот на детето, агентите на FBI влегоа во бункерот и го ослободија детето“, изјави за агенцијата припaдникот на бирото, Стив Ричардсон. Според него, на момчето „немало видлива физичка повреда и тоа е пренесено во локалната болница“.
Жителот на Мидленд Сити, Џими Ли Дајкс на 29-ти јануари нападна училишен автобус. Возачот, 66-годишниот Чарлс Алберт Поланд се обидел да ја блокира вратата од автобусот со своето тело но беше смртно ранет. Напаѓачот го грабна петгодишно момченце и се забарикадира во импровизиран бункер што самиот го изградил во близина на неговиот дом, каде што го држеше затворено детето седум дена. Полицијата и FBI преговараа со киднаперот низ вентилациониот отвор на бункерот. Претставници на полцијата на Алабама изјавија дека киднаперот дозволувал за момченцето да бидат доставени разни продукти, детски играчки, книги и лекови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.