Македонија
Северна Македонија и Црна Гора потпишаа Спогодба за признавање на доверливи услуги
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и министерката за јавна администрација на Црна Гора, Сузана Прибиловиќ, денеска потпишаа Спогодба за заедничко признавање на квалификувани доверливи услуги и на шемите за електронска идентификација.
Оваа спогодба ќе придонесе да се зголеми соработката и развојот на економските активности помеѓу двете држави и да се забрза процесот на дигитална трансформација.
„Со потпишување на оваа спогодба, Северна Македонија и Црна Гора, како дел од Берлинскиот процес и Акцискиот план за регионален економски развој во Западен Балкан, покажуваат дека сакаат и можат да работат заедно, односно дека се подготвени да ги совладаме бариерите помеѓу државите во регинот, а потоа и со ЕУ“, рече Манчевски.
Тој истакна ова значи дека електронските документи издадени од институциите во Северна Македонија, како што се Централен регистар, Царина, Управа за водење матични книги, ќе бидат подеднакво признаени и во Црна Гора. Истото, ќе важи и за документите извадени по електронски пат во Црна Гора. На овој начин, за граѓаните од двете земји ќе се намалат административните процедури и времето потребно за издвање на овие документи“.
Оваа спогодба има директно влијание и врз компетентноста на домашните правни лица кои вршат дејност од областа на доверливите услуги, односно со истата се овозможува овие фирми да станат фирми од доверба и конкурентни и на пазарот во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

