Свет
Зеленски наскоро на средба со Трамп за ситуацијата во Украина
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека очекува во текот на овој месец да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, како и мировни преговори за решавање на конфликтот со Русија во источен Донбас.
„Средбата со Трамп веројатно ќе се случи наскоро“, рече Зеленски, кој годинава победи на претседателските избори во Украина со ветување за враќање на мирот во регионот Донбас, пренесува „Ројтерс“.
На прашањето за потенцијалното распоредување на мировни сили во Донбас, тој рече дека не сака областа да стане како отцепениот молдавски регион Трансднестар во кој постојано се сместени руски трупи.
Повеќе од 13.000 луѓе се убиени досега во конфликтот меѓу украинските и проруските сепаратистички сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.
Регион
Александар Вулин: Пријателството меѓу Србија и Кина е челик затоа што го ковавме во оган
Вицепремиерот на Србија, Александар Вулин, на промоцијата на културната размена меѓу Кина и Србија на тема „Што ги делат планините и реките, пријателството обединува“, изјави дека пријателството меѓу двете земји е челик бидејќи е ковано во оган и дека Србија и Кина се разделени за многу работи, но најважното ги обединува, а тоа е одлуката на две држави да бидат слободни.
„Пријателството на нашите лидери, претседателот Вучиќ и претседателот Си Џинпинг, не обврзува да сториме сè, исто како нив, за нашите народи да бидат поблиски отколку што нè прави блиски географијата или историјата. Србите и Кинезите ги дели сè, ние сме различни во сè, но нас нè обединува она најважното – нашата одлука да бидеме слободни, нашата посветеност на најважната карактеристика на народите и луѓето – слободата“, рече Вулин на настан организиран од China Media Group.
Свет
Професорите на Универзитетот во Амстердам протестираа во знак на солидарност со студентите
Наставниот кадар на Универзитетот во Амстердам одржа протест во знак на солидарност со студентите, чии демонстрации против војната во Газа претходно беа насилно расчистени од полициските сили.
Полицијата со булдожер ги урна барикадите и уапси околу 140 демонстранти, а постојано има судири меѓу безбедносните сили и студенти, пренесува Ројтерс.
„Учениците и вработените пријавиле употреба на полициски палки и кучиња, како и булдожери во обид на полицијата насилно да ги отстрани. Поради прекумерната употреба на насилство, луѓето се повредени“, велат од групата Холандски научници за Палестина.