Македонија
(Видео) Арсовски : Заев е исплашен, сака да спречи да се дознае вистината за ,,Рекет”
,,Зоран Заев е исплашен човек, кој се обидува на секој можен начин да влијае врз истрагата во случајот со рекетарскиот октопод за да спречи да се дознае вистината дека главата на криминалот не е ниту Боки 13, ниту Катица Јанева туку единствено врвот на неговата власт”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, затоа Заев по секоја цена сака да влијае врз обвинителството и судските органи со цел оваа истрага да се забошоти и да се заборави. Доколку власта Заев беше чиста немаше да контактира со адвокати на обвинетата Катица Јанева и немаше пророчки да предвидува дека притворот на Катица Јанева ќе биде укинат.
,,Веќе сите во јавноста видоа дека истрагата е крајно искомпромитирана и се води непрофесионално од страна на Русковска и обвинителството. Најпрвин од петни жили се обидуваа таа да остане ограничена само на Боки 13 и Зоки Кичеец, па откако излегоа материјали во странски медиум за вмешаноста на Катица Јанева со тешко срце мораа истрагата да ја прошират и кон нејзе.
Во меѓувреме Јанева имаше време и можност да брише докази, да влијае врз сведоци, да форматира телефони и форензички да брише компјутери во СЈО со секакви докази кои што можеби постоеле. Сега гледаме дека случајот повторно тапка во место, а Јанева од притвор во крајно сомнителни услови испраќа писма и наредби кои Јавниот Обвинител Јовески беспоговорно ги прифаќа. Замислете тој што треба да го гони осомничениот криминалец, прима наредби и постапува по барањето на криминалецот. Тоа го има само во правната држава на Зоран Заев. Да биде уште посомнително, првообвинетиот Боки 13 се уште нема дадено исказ, ама затоа десет пати отиде во болница. Дали во болниците се влијаело или се вршело притисок врз него да не ја открива целата мрежа на рекетарскиот октопод, за на тој начин да не се дознае за инволвираноста на рекетарските ликови Фрики, Кики, Шеки, Баки и останатите треба да каже Вилма Русковска”, додаде тој.
Според Арсовски, очигледно дека обвинителството на Русковска нешто крие и се обидува со правна гимнастика да спаси повисоки владини функционери без кои милионските рекети немало да се случат.
,,Тоа е причината поради која Заев моли бога работите во обвинителството да останат статус кво, за да може и во иднина распупеното судство да миже пред очигледните криминали. Ама тоа нема да помине. Целата јавност виде и целата јавност слушна, но и допрва ќе открива за криминалите на оваа власт. Арамиите кои денес се преставуваат како власт ќе одговараат и пред народот, но и пред законите. Тоа време многу брзо ќе дојде”, се вели во изјавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ
Милионските криминали во Државна лотарија кои што ги направија Прпарим Бајрами и Артан Груби, а беа одобрени од СДС денес излегуваат на виделина, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Овие криминали што денес извештајот на Државниот завод за ревизија ги утврди, како што појаснуваат, се случувале токму во времето на СДС и ДУИ.
„Бегалецот Прпарим Бајрами партнерот во криминал на бегалецот Артан Груби ја злоупотребил службената положба во износ од близу 2 милиони евра, пари на граѓаните, се додека СДС и Филипче молчеа и им го овозможуваа овој криминал.
На сите ни е јасно за каков криминален круг станува збор и зошто Бајрами и Груби се во бегство и зошто толку ги заштитуваше судството и обвинителството бирано од Зајас и Муртино“.
Според ВМРО-ДПМНЕ сега кога веќе Коцевски не е државен јавен обвинител и нема кој да ги заштити, СДС во страв и паника, додаваат од партијата на власт, отвораат теми како мигранти, шират лажни вести, хистерија и паника меѓу граѓаните.
„Воедно го повикуваме т.н “антикорупцискиот тим“ на СДС да го истражи и овој коруптивен случај, наместо да молчи пред фактите“.
Македонија
СДСМ: Резолуцијата не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати да се разговара, тие се закануваа со тужби
Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во Собранието затоа што ДПМНЕ не сакаше да прифати ниту да се разговара, ниту да се поднесе.
Наместо да разговараме тие се закануваа со тужби, велат од СДСМ.
„Не сакаа да се отвори дискусија во македонското Собрание, меѓу претставниците на народот – пратениците на кои граѓаните им дале мандат да ги застапуваат пред највисокиот орган на државата.
Наместо тоа, прво предложија темата да се префрли на општините, кои немаат никаква надлежност за вакво национално прашање. Не сакаа јавна расправа затоа што немаат аргументи против вистината.
Од самиот почеток бевме транспарентни и конструктивни“.
Граѓаните, додаваат од опозициската партија, ја видоа нашата Резолуција, јавно ја објавивме и со денови повикувавме заеднички да ја поднесеме и да ја потпишеме.
„Токму тоа им пречеше. Нашиот последен обид беше денес во Собранието.
Не ни дозволија да зборуваме за нашата предлог-Резолуција, премиерот и министрите побегнаа од пратеничките прашања, побеганаа од вистината и од дебата за Резолуцијата.
Поради тоа, во знак на протест, нашите пратеници ја напуштија седницата. Нема да учествуваме во предавството.
СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти.
Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.
Со денови зборуваме за ова. Цел ден дефокус со вести, што јасно го покажавме преку нашата акција „Разоткривање“. Прават сè само за да ја сокријат вистината.
А вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто“.
Имаме избори, истакнуваат од СДСМ и како што велат, имаме мигранти за пари.
„Почитувани граѓани, сите сите вие сега сте сведоци на предавството на Македонија, мигранти за пари.
Заедо ќе се бориме“.

