Македонија
(Видео) Зендели: СЈО имаше селективен пристап кон одредени предмети и политичари

,,Разрешувањето на Катица Јанева подразбира и згаснување на СЈО. При формирањето на обвинителството целта беше борба против политичари од висок профил вмешани во кривични дела. Оваа цел не е остварена. Специјалното јавно обвинителство едни го критикуваа, други го подржуваа. Сега, двете страни ја погребаа ова институција, а ја погребаа и надежта кај граѓаните дека ќе има правен систем кој ќе биде еднаков за сите без привилегии. Се уште имаме проблеми со правниот систем. Ова го констетираа и меѓународни институции”, рече пратеникот од БЕСА, Фадил Зендели на денешната собраниска седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
,,Погребувањето на СЈО го гледам од друг сегмент. Политичките партии и функционери денеска ќе слават. Не се работи за тоа дали ќе функционира СЈО, туку за тоа дали ќе се справиме со криминалот во земјава. Актуелната влада нема изразено посебна желба борбата против криминалот да биде на повисоко ниво”, рече Зендели.
Тој обвини дека СЈО имало селективен пристап кон одредени предмети и политичари, поинаков пристап кон опозицијата и власта и со оглед на тоа смета дека денеска треба да биде разрешена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на ул. Копенхагенска, крстосница со ул. Стокхолмска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Копенхагенска, Стокхолмска, Софиска, Његошева, Гаврил Лесновски и Петар Драганов во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Аеродром, Сопиште и Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Долно Лисиче, општина Аеродром;
· во истиот термин од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на зградата на Алкалоид на ул. 3 -та Македонска Бригада., општина Аеродром;
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње, поточно улиците со бр. 10 и бр. 12, општина Сопиште;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Дејковец и Добрино, општина Зелениково.
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.