Црна хроника
Случај ’Керозин’: Судот пресуди затворски казни за сите 16 обвинети
Основниот суд во Скопје ги осуди на затворски казни шеснаесетмината обвинети во случајот ’Керозин’ за злоупотреба на нафта со која биле снабдувани околу 160 државни инстутиции.
Првообвинетиот Ангел Пецов, 59, е осуден на 12 години затворска казна, а судот му изрече и парична казна од пет илјади евра. Неговата сопруга Мариче Пецова е осудена на 11 години затворска и четири илјади евра парична казна, а нивниот син Љупчо Пецов е осуден на девет години затворска казна. Семејството Пецови биле организатори на криминалната група и затоа се осудени на највисоки казни.
Криминалната група преку фирмата ‘Алма комерц’ од Неготино точела помалку нафта од договореното со повеќе државни инситуции и со тоа го оштетила буџетот за 2.5 милиони евра, а заштедила три илјади тони гориво.
Меѓу обвинетите се и сопственици на фирми, возачи на цистерни и вработени во оштетените инстутиции.
Судењето за случајот ‘Керозин’ почна во август 2013 година.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

