Македонија
Груби: Ја поддржавме работата на СЈО, но тоа не ја искорени селективната правда

По длабоката криза и заробената држава, во изминатите години се потрудивме да го ослободиме општеството од селективна правда со инструмент наречен Специјално јавно обвинителство, рече Артан Груби од ДУИ во воведот од неговото обраќање на денешната собраниска седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Меѓутоа како што нагласи тој, четири години потоа гледа систем кој не е многу реформиран, односно и натаму е селективен и разочарувачки.
„Казната со 19 години за скопските момчиња во случајот Саздовски во споредба со казната на Бобан Илиќ за намерното убиство на Алмир, не е само селективна правда и неправда, туку е злосторство“, порача Груби во својот говор додавајќи дека правдата само кога е еднаква за сите е вистинска правда.
Според него, државата има потреба од правна извесност каде ќе победува праведниот, а не силниот, а за да се постигне ова, како што кажа, ветингот е повеќе од потребен и неопходен, не само за судиите, обвинителите, туку и за политичарите.
Груби нагласи дека ДУИ е единствената партија која бара независна институционална истрага за сите функционери од 2002 година до денес и ги повика и останатите партии во парламентот да го направат истото.
„Нема партија за која се нелегално објавени повеќе незаконски материјали отколку за ДУИ, со продажба и препродажба, со изнуди и уценување, со лаги и клевети. Нема погрда пропаганда од таа за ДУИ – ни била заштитена партијата или ни била криминализирана. Да имаше ДУИ еден единствен криминал ќе направеа сѐ да ни ја одерат кожата и власта и опозицијата, а да не зборуваме за обвинителството или судот“, кажа Груби во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.
Од нив во моментов активен е само еден пожар, во општина Македонски Брод – Повеќенаменско подрачје Јасен каде што гори мешана шума.
Под контрола е пожарот во општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје, каде што горат пасишта и мешана шума.
Како што соопшти ЦУК изгаснати се 26 пожари.
Македонија
„Влен“: Албанската култура се издига над измамите и злоупотребите на ДУИ

„Влен“ ги потсетува граѓаните дека оние кои денес сакаат да даваат „лекции“ за култура се токму оние кои 22 години ги измамија Албанците со Тетовската библиотека и театар. Поранешни функционери на ДУИ манипулираа со документи и процедури за јавни договори, злоупотребувајќи ја својата службена положба и имајќи корист од над 13 милиони евра од изградбата на овие институции, што е тешко предавство на националниот интерес, велат од „Влен“.
„Во меѓувреме, со доаѓањето на ВЛЕН во владата, за прв пат по децении, албанската култура признава опипливи достигнувања: Долгогодишниот проблем со вработувањето на членовите на Албанскиот ансамбл, запоставен од ДУИ, беше решен. За прв пат, Албанец ја предводи Филхармонијата во Северна Македонија. Во наше време, кога тоа не го правеа со децении, беше основан Гостиварскиот театар, отворајќи ги своите врати за албански уметници. Десетици Албанци беа вработени во културните институции. За прв пат, во секоја културна институција се донесени стотици трајни работни решенија, со што се гарантира безбедноста и достоинството на албанските работници и уметници.
Културата не е пропаганда, ниту фасада за прикривање на кражба и злоупотреба. Културата е идентитет, таа е достоинство, таа е наследство!
ВЛЕН ќе продолжи да го брани националниот интерес во културата, враќајќи им на Албанците она што им било ускратено две децении. Излажувањата на ДУИ завршија, ерата на вистинската албанска култура започна!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Минатата недела санкционирани се 𝟣𝟢𝟥 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.08.2025 до 17.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците“, се наведува во соопштението на ПОЦ.