Економија
(Видео) Заев: Новиот терминал ќе го намали времето за гранични формалности и ќе ја подобри инфраструктурата
Вложувањето во развој на инфраструктурата во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада, а во остварувањето на овој приоритет од огромна помош е поддршката на Европската Унија, особено ИПА-фондовите кои ни се ставени на располагање, рече премиерот Заев по повод пуштањето во употреба на царинскиот терминал на граничниот премин Ќафасан.
„Во оваа прилика ја изразувам мојата, како и благодарноста на Владата до Европската Унија, за поддршката во постигнувањето повисоки стандарди во сите јавни сфери во нашата држава и нејзината интеграција во Унијата“ нагласи Заев.
Тој нагласи дека транспортниот сектор има многу важна улога во практикувањето на четирите основни слободи кои се суштината на Европската унија – слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе, а за нивно практикување и промоција потребна е развиена и модерна инфраструктура.
„Денешниот настан – ставање во употреба на надградениот и осовремен граничен премин Ќафасан, е повторно во насока на подобрување на поврзувањето. Се наоѓаме на еден од најфреквентните гранични премини во земјава на коридорот 8, преку кој годишно минуваат стотици илјади превозни средства и патници во и од Република Северна Македонија.
Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција. Убедени сме дека со неговото ставање во функција ќе се забрза движењето на стоковиот сообраќај кој последните години бележи постојан раст од просечно 10 до 15 % годишно“, истакна тој.
Со него, како што додаде, ќе се забрза и олесни стоковата размена преку најфреквентниот граничен премин кон Република Албанија, а истовремено се обезбедени дополнителни инвестиции со кои ќе се олесни и забрза транспортот по должина на паневропскиот Коридор 8. Работиме интензивно на имплементација на решението за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување One Stop Shop, за уште повеќе да се намали времето на чекање на превозниците, со што ќе се намалат трошоците на економските оператори.
Царината е првата институција со која се сретнуваме во една земја и таа ја дава првата слика за тоа како функционира системот на државата. Со задоволство можам да кажам дека нашата Царинска управа е модерна институција, која придонесува во креирањето на поволна бизнис-клима и штитењето на интересите на државата.
Царинската управа има постигнатото високо ниво на подготвеност за членство во ЕУ, што е нотирано и во сите извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија.
Ова е постигнатото со посветеност, ентузијазам и систематска работа на вработените во Царинската управа, за достигање на потребните стандарди, но и со постојаната поддршка на целиот овој пат од Европската Унија.
Остануваме посветени на тоа да работиме и понатаму на олеснување на трговијата и транспортот, но важно е дека чекориме на вистинскиот пат.
Заклучувам со уште една голема благодарност до граѓаните на земјите членки на Европската Унија за нивниот придонес како даночни плаќачи да придонесат во овие трајни добра кои остануваат на располагање на граѓаните на Република Северна Македонија, но богами буквално на целиот овој регион од Западен Балкан“, порача Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

