Економија
Ангеловска – Брнз: САД континуирано вложуваат во просперитетот на македонскиот народ
САД се 25 години вистински пријател на Република Северна Македонија, кои на дело ја покажуваат важноста на градењето мостови меѓу државите. И иако не се само бројките тие што ја покажуваат посветеноста на народот на САД на просперитот на партнерската држава на Балканот, тие се импресивни, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, на првата официјална средба со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.
„САД преку УСАИД имаат инвестирано 640 милиони долари во програми што создадоа нови работни места, поддржаа слободни и фер избори, ги подобрија меѓуетничките односи и придонесоа за вклучување маргинализирани и ранливи групи“ посочи министерката.
Неодамна Република Северна Македонија ја доби и втората транша од 11 милиони долари од грантот од САД, кој изнeсува 25,5 милиони долари и е наменет за развој. Проектите реализирани во овие рамки имаат цел да се подобри пристапот до финансии за микро, малите и средните претпријатија, како и да се обезбеди поголема енергетска сигурност. Дел од средствата е насочен кон помош во градење на капацитетите на извршната власт и кон зголемување на вклученоста на маргинализираните групи во општеството.
Министерката нагласи дека како човек што доаѓа од приватниот сектор гледа на овој проект како значајна алатка која им помага на фирмите да станат поконкурентни.
Министерката Ангеловска го реафирмира значењето на поддршката на САД во интеграцијата на нашата земја во НАТО и ЕУ и очекувањето за поттикнување на економскиот раст. На средбата беше разговарано и за други клучни прашања од македонско-американската соработка.
Амбасадорката Брнз го поздрави позитивниот и енергичен став на министерката како пристап со кој навистина може да се менуваат институциите и целокупната култура на работење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!
Ви треба клима уред, компјутер, правосмукалка? Истражувате…
Старите слушалки губат контакт… Истражувате…
Машината за алишта веќе не пере како порано… Истражувате…
Имате 1000 прашања и дилеми, не знаете кој уред е најдобар за вас, не сакате да згрешите во изборот, ниту да се покаете дека сте купиле нешто што не вреди за парите…
Толку многу информации на располагање, но се уште не може да донесете одлука?
Од 14.10.2024 почнуваат Lucky Days во Нептун, со огромни попусти, неверојатни заштеди и супер поволности за плаќање до дури 60 рати. Од ХХ.ХХ најголемиот бренд за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 15 врвни брендови ги отвора своите најдобри понуди и иновативни решенија за домот по извонредно ниски цени.
Lucky Days е периодот кога треба да зачекорите онаму каде што живее техниката, бидејќи никој никогаш до сега не ги победил најдобрите цени во овие „среќни денови“ што се реализираат само неколку пати во годината.
Дополнително, од почетокот на 2024 година, Нептун направи и огромни инвестиции во развој, реновирање и прилагодување на десетина продавници со цел да го подобри квалитетот и корисничкото искуство. Таа стратегија продолжува и во 2025, со цел Нептун секогаш да го понуди најдоброто на своите купувачи.
Затоа, облекувајте патиките за спринт и доаѓајте, бидејќи почнуваат Lucky Days во Нептун! Единствената и уникатна кампања на пазарот која е повеќе од само продажна атракција, затоа што освен најдобрите понуди, огромни попусти, намалување до 55%, можност за плаќање до 60 рати, ќе бидете пречекани и од врвен, способен, едуциран и искусен тим, што ќе ви понуди одлична навигација низ портфолиото на производи, ќе ви овозможи споредба на карактеристики, функционалност и демонстрација на посакуваниот уред.
Никој не прави поголем продажен спектакл од Нептун со своите Lucky Days! Ајде во НЕПТУН!
(ПР)
Економија
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 отсто во однос на одлуката од 10 октомври годинава.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.
Економија
Народната банка одржа обука за царинските работници за препознавање фалсификувани пари
Преку постојано зајакнување на капацитетите на институциите, Народната банка го јакне системот за справување со фалсификуваните пари. Имајќи предвид дека јавните службеници, вршејќи ја својата должност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите, нивното обучување за воочување сомнителни примероци, за нивно отстранување и за доставување до Народната банка е суштинско во борбата против фалсификатите. Оттаму, во Народната банка, во рамките на соработката со Царинската управа, обучувачи од Дирекцијата за трезорско работење одржаа обука за царинските работници за препознавање сомнителни пари и за справување со нив.
Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка започна да организира обуки за претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција. Исто така, редовно се организираат задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути за вработените во банките и центрите за готовина. Само минатата година низ обуките поминаа повеќе од 200 професионалци.
Народната банка инаку е единствената овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите денари и странски валути. Во изминатиот период, засилено се врши и размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.