Свет
Во Шпанија разбиена мрежа за шверцување луѓе и дрога, уапсени 29 лица
Шпанската и француската полиција, со поддршка од Европол, разбија голема криминална мрежа вмешана во шверцување мигранти, трговија со луѓе и трговија со дрога, а притоа се упасени 29 лица, пренесува „Спутник“.
Организираната криминална група ги таргетирала малолетниците без придружба во прифатните центри во Шпанија. Тие ги поттикнувале малолетниците да избегаат од центрите и да тргнат на опасно патување кон Западна Европа, соопштуваат од Европол.
Како што се наведува, криминалната група користела регрутери од разчни земаји за таргетирање на мигрантите со различно потекло (Алжирци, Мароканци, Сиријци и граѓани од Мали). Нелегалните мигранти биле превезувани од шпанското пристаниште Алмерија во Франција со автобуси во сопственост на компании од Франција, Мароко и од Шпанија.
Криминалната група ги користела автобусите и за шверцување хашиш, тутун и заловени животни, кои биле скриени во посебни отвори за шверцување во возилата.
Истрагата почнала со апсење еден шпански државјанин во Франција, кој возел автобус со 22 нелегални мигранти, од кои шест биле малолетни. Добиените информации иницирале голема истрага во Шпанија, со која е откриена криминална мрежа на чие чело наводно е главниот адмиистратор на една од автобуските компании, државјанин на Мароко.
Операцијата резултирала со апсење на 26 осомничени во Шпанија и 3 во Франција, претрес на 14 куќи и со заплена на 33.000 евра, повеќе од 200 кг дрога, како и разни документи и компјутерска опрема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.