Македонија
(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното обвинителство ќе ја докажеме независноста на судството и борбата против корупцијата. Со овие уверувања го пречекавме и ќе го испратиме претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рече премиерот Зоран Заев.
Тој изрази искрена надеж дека на самитот на ЕУ закажан за октомври годинава Северна Македонија, дефинитивно, ќе добие датум за преговори.
Премиерот Заев истакна дека Туск е голем пријател на нашата држава, кој не пропушта ниту една шанса да застане зад земјата во однос на влезот во ЕУ и проширувањето на Унијата.
„Ова заемно пријателство да го крунисаме во октомври. Ова е период од најголема важност за постигнување на стратешките цели, а тоа е потврдување на датумот за преговори за пристап во ЕУ. Имаме засилен ангажман за обезбедување поддршка од сите земји членки. По десет позитивни препораки и резултатите што ги постигнавме, повеќе од убедени сме дека на седницата на ЕУ на 17 и 18- октомври ќе добиеме датум за преговори“, рече Заев.
Премиерот на заедничката прес-конференција истакна дека на денешната средба детаљно го запознал Туск со сè што оваа Влада направила изминативе години.
„Очекуваме Советот да направи рамка за датумот за преговори. Целосно е јасно и нема сомневање дека преку трансформација патуваме кон членство во ЕУ. Ова значи интензивна работа во согласност со политиките на Унијата, која е незаменлива алатка, што прави успешни приказни во европските земји“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.