Свет
Сноуден: Трамп не спознал љубов за која не морал да плати
Поранешниот припадник на Агенцијата за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, смета дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги очекува симпатиите на луѓето, но своите зборови ги витка во толку агресивна обланда што предизвикува спротивен ефект.
„Мислам дека е многу лесно човек да го разбере Трамп. Претседателот Трамп ме изненадува, пред сè, како човек што никогаш не спознал љубов за која не морал да плати. Тој само сака да им се допадне на луѓето. За жал, тоа предизвикува многу негатвини последици“, изјави Сноуден во интервју за телевизијата Ем-ес-ен-би-си посветувајќи внимание на агресивното и навредливо однесување на 45. претседател на САД.
Бившиот аналитичар на НСА наведе дека не сакал да ја уништи таа американска специјална служба, туку да ја реформира. Тој смета дека дезинформаците зеле толкав замав во САД што длабоко влијаат на американската политика. Според него, идејата дека чувствата се поважни од фактите е токсична за демократијата.
Едвард Сноуден живее во Русија, каде што доби привремен азил под услов да прекине со активностите против САД. Во август 2014 година доби тригодишна виза за престој во Русија, која му овозможува да патува во границите на земјата, а во јануари 2017 година таа виза му е продолжена до 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Снимен моментот на падот на авионот во Литванија, силна експлозија го осветли небото
Безбедносните камери го снимија моментот кога авион се урна недалеку од аеродромот во Литванија. Авионот со четворица членови на екипажот се урна утринава во 5:30 часот по локално време во станбена зона во Вилнус, на неколку километри од пистата.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат како авионот се подготвува за слетување.
На небото се гледаат светлата на авионот додека полека ја спушта висината. И тогаш, во еден момент, доаѓа до страшна експлозија и блесок што го осветлува небото.
BREAKING VIDEO: Huge fireball as cargo plane crashes into residential building while approaching Vilnius International Airport in #Lithuania, leaving at least 1 dead, 3 injured.
pic.twitter.com/UBb96ZJ1g0— Breaking News Video (@BreakingAlerter) November 25, 2024
Еден член на екипажот загина при падот, а останатите тројца со повреди беа извлечени од леталото и беа пренесени во болница. Авионот се излизгал неколку стотици метри пред да удри во станбена зграда.
Според официјални лица, 12 лица кои биле во објектот во моментот на ударот биле извлечени живи.
Причината за падот на авионот се’ уште не е позната, а истрагата е во тек. Бројни теории кружат за тоа што му претходело на падот, а според надлежните не е исклучена ниту можноста од терористички напад.
„Еден од членовите на екипажот е пронајден без знаци на живот“, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Државниот кризен центар. Виткаускас рече дека е прерано да се извлечат какви било заклучоци за тоа што ја предизвикало несреќата и дека околностите и причините се истражуваат.
Во овој момент нема индикации дека на авионската несреќа и претходела експлозија во леталото. Се верува дека авионот паднал поради технички дефект или човечка грешка. Но, не е исклучена ниту опцијата дека се работи за терористички чин, пишуваат локалните медиуми.
„Ова е една од верзиите за несреќата, која ќе биде истражена и проверена. Пред нас е многу работа. Собирањето докази може да потрае цела недела, нема да има брзи одговори“, рече Паулаускас.
Регион
Ја удрил „ситроен“, па ја прегази „бмв“: тешко повредена жена во Белград
Жената која преживеа тешка сообраќајна несреќа во Раковица, населба на југот на Белград, од саботата е хоспитализирана. Имено, како што пишува Телеграф.рс, во неа на пешачки премин удрил возач на автомобил „ситроен“. Вториот возач кој управувал автомобил „БМВ“ не закочил навреме и го прегазил телото на жената.
На двајцата возачи им било извршено алкотестирање, при што било утврдено дека не биле под дејство на алкохол. Жената била примена во болница со тешка повреда на слезината и повреди на главата.
За случајот е известено Второто основно јавно обвинителство Белград, кое и наложило на полицијата да ги достави извештаите за незгодата, да изврши вештачење на возилото и да обезбеди снимка од камерата.
Европа
Украинците за прв пат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета која беше пробно лансирана во четвртокот, погодувајќи фабрика во Украина.
Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днепар била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека истрелувањето на експерименталната ракета Орешник е одговор на употребата на американски и британски ракети кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.
Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена Орешник (на руски значи лешник), наводно е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 Рубеж и може да носи нуклеарни или конвенционални боеви глави.
Остатоците, кои сè уште не се детално анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.