Македонија
ГОБ „8 Септември“ добива линеарен акцелератор за малигни заболувања
Во Градската општа болница „8 Септември“ се финализира инсталацијата на нов линеарен акцелератор. Станува збор за врвна технологија за третман на малигните заболувања. Апаратот е од еден од водечките светски производители и претставува најдобра платформа достапна на пазарот во оваа област, соопшти Министерството за здравство.
Пред инсталацијата на апаратот изграден е комплетно нов бункер за кој се обезбедени 58 милиони денари од буџетот на Министерството за здравство.
Линеарниот акцелератор овозможува максимална прецизност во планирање и изведување третмани имајќи предвид дека насочувањето на третманскиот зрак се врши со рубини, а кај сите други апарати се врши со огледала.
„Со примената на оваа технологија се овозможува управување со радиотерапевтските процедури, планирање и креирање распореди, резервација на термини, следење на пациентите, следење на реализацијата на третмани, креирање електронски записи за историјата на болеста, ревизија и споредба на сликите добиени со електронскиот портал-детектор на акцелераторот, со сликите добиени од системот за планирање на третманот“, велат од МЗ.
Од таму потсетуваат дека Владата на седница ја усвои информацијата со иницијатива за соединување, односно централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија во рамките на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје, Клиничката болница во Штип и Клиничката болница во Битола, како и во сите градови во Републиката.
Овој чекор, велат од Министерството, ќе обезбеди стручна, навремена и технолошки напредна радиолошка терапија за пациентите во целата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

