Спорт
Федерер ќе игра до Вимблдон, а потоа…

Роџер Федерер најавил дека ќе настапи на Вимблдон наредната година, но не бил сигурен дали потоа воопшто ќе го пријави учеството на некој друг турнир.
Швајцарецот осум од своите 20 гренд-слем титули освоил во Вимблдон. Оваа година во финалето против Новак Ѓоковиќ не реализира две меч-топки, а пота остана без титулата.
„Решив дека ќе играм до Вимблдон“, рекол Федерер и дополнил.
„Сега треба да ја решам што понатаму, дали сакам да учествувам на Олимписките игри во Токио. Разговарав со својот тим, со сопругата. Одлуката ќе ја донесам за неколку недели“.
Швајцарецот ќе учествува на Лејвер купот (АТП куп).
„Таа одлука ја донесов во консултација со мојот фитнес-тренер. Вообичаено со подготовки започнувам на 4 декември, сега тоа ќе биде малку подоцна. Не ми е важно дали ќе бидам подготвен за АТП купот. Моја цел ќе биде Австралија опен“, рекол Федерер.
Швајцарскиот тенисер токму во Австралија, во 2018 година, ја освоил својата последна гренд-слем титула.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“