Црна хроника
Запленети забранети мрежи со уловена белвица кај Калишта

Ноќеска при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полицијата во водите на Охридското Езеро, на околу 300 метри од брегот, кај селото Калишта, пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба – охридска белвица. Мрежите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист од Србија, изгубил контрола и паднал на автопатот Скопје-Велес

Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, 43-годишниот М.М. од Република Србија, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со српски национални ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градксата општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Малолетник истепан во парк во скопски Аеродром

На 13.06.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишниот А.Р. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Д. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
„Aуди“ излетало надвор од патот Куманово-Свети Николе, три лица со тешки повреди пренесени на Клиника

Вчера околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.