Црна хроника
Измамник зел 7.500 денари од баба – ѝ ветил дрва за огрев и побегнал
Вчера во 18:15 часот во Полициската станица Кочани, Б.Д.(76) од село Бање, Кочанско, пријавила дека околу 16 часот во нејзинот двор во с.Бање била измамена од едно лице.
Според пријавеното, тој ѝ ветил дека за сума од 7.500 денари ќе ѝ донесе три метри кубни огревно дрво. Жената му ги дала парите, по што измамникот заминало и не се вратил. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
Црна хроника
Струмичани ограбиле 82-годишно лице: му побарале пари, па кога виделе дека има поголема сума, го нападнале
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со ,,разбојништво“.
На 31.10.2025 во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума на пари, во договор со првопријавениот и со употреба на физичка сила од оштетеното лице одзеле 14.000 денари.

