Спорт
Бобан: Интер е фаворит на „Дерби дела Мадонина“!

По неделата посветена на Лигата на шампиони и Лигата на Европа, наредниот викенд во Италија на програмата е дербито во Италија меѓу Интер и Милан, популарното „Дерби дела Мадонина“.
Спортскиот директор на „росонерите“, Звонимир Бобан статусот фаворит му го препушта на противникот. Тој смета дека треба уште време за работите да дојдат на свое место во Милан.
„Сега сме на почетокот на процесот и Интер е во тој дуел фаворит во однос на нас иако дербито секогаш е отворен меч. Во текот на дербито мора да знаете да ги исконролирате емоциите, јас тоа скапо го платив во мојата играчка кариера. Ќе ни треба уште време, по 2-3 тренинга ќе почувствувате дека тоа е тоа, дека добро се разбирате. Интер игра 3-5-2 формација што е полесно за играње отколку со 4 играчи во дефанзивата“ – вели Бобан.
Хрватот вели дека не сака да се меша во изборот на тренерот за тоа кој ќе игра, а кој ќе биде на клупа.
„Нови играчи во дербито? Тренер е Марко Џампаоло, прашајте го него“ – вели спортскиот директор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Изјавата на Пикси не е достојна за селектор на репрезентација“

Србија дожевеа дебакл во квалификациите за Светското првенство. Англија победи со 5:0 на „Маракана“ во Белград со головите на Хари Кејн, Нони Мадуеке, Езри Конса, Марк Гуеи и Маркус Рашфорд.
Најостри критики трпи српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси, навивачите го исвиркаа пред почетокот на натпреварот и на полувремето. Пикси изјави дека нема да поднесе оставка, а доколку во Сојузот решат да го отпуштат ќе ја прифати одлуката.
До конечната одлука дали Пикси ќе остане на функцијата или не, јавноста ќе ја критикува работата на селекторот.
„Составот на тимот и тактиката што ја постави беа на многу ниско ниво, тоа не е репрезентативно ниво. Со тоа не може да се пофали во својата богата тренерска кариера што ја имаше во Јапонија и Кина“, изјави аналитичарот Раде Богдановиќ за ТВ Нова и продолжи:
„Резултатот не е изненадувачки. Англичаните се добар тим со сериозен тренер. Германска дисциплина, тоа не е репрезентација предводена од тој несреќен Гарет Саутгејт на Европското првенство. Им недостасуваа три, четири играчи кои вредат огромно богатство.
Начинот на кој загубивме ги фрла фудбалските фанови во еден вид депресија. Како селектор, тој (Пикси) не создаде систем на игра, не избра група играчи кои постојано ќе играат за него.“
Потоа додаде: „Има и луѓе од Шпанија, Марбеља, кои малку се мешаат во неговиот тим и ги туркаат своите играчи. Но, сега нема да ги навредувам, нема да им влегувам во џеб… Загрижен сум за синоќешната изјава, никој не може да ги цитира неговите изјави, дури ни луѓе многу поинтелигентни од мене…
Да ја префрли вината на играчите, да каже дека се бавни, троми, дека не играат, дека немаат минути во своите клубови… Тоа не е културно и е неодговорно од селектор кој претставува една држава.“
Foot/ EPA
Спорт
Арсенал отпиша двајца играчи, ги стави на трансфер-листата

Двајца играчи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросард (30), ќе бидат на трансфер листата во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Тренерот Микел Артета во голема мера се потпираше на Жесус и Тросард во текот на изминатите три сезони, но со доаѓањето на шведскиот голгетер Виктор Ѓекерес, двајцата станаа вишок.
„Топџиите“ потрошија близу 300 милиони евра за засилувања ова лето. Поголемиот дел од парите беа потрошени за двајца играчи од средниот ред, Мартин Зубименди и Еберечи Езе, и централниот напаѓач Ѓекерес, кој постигна дури 97 гола во претходните две сезони во Спортинг.
Договорите на Жесус и Тросард истекуваат во јуни 2027 година и „Топџиите“ ќе се обидат да ги продадат што е можно поскоро за да извлечат што е можно повеќе пари како обештетување.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Фудбалерите од земја со помалку од 600.000 жители пред историски пласман на СП

Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра.
Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех.
Херој во победата над Камерун беше Даилон Роча Ливраменто, напаѓач на португалскиот клуб Каса Пиа, кој го постигна победничкиот гол во 54-та минута.
This goal by Cape Verde's Livramento on Andre Onana and Cameroon 😮 pic.twitter.com/9mVSEWXih9
— ESPN FC (@ESPNFC) September 9, 2025
На табелата Зеленортските острови по осум кола имаат 19 поени, четири повеќе од Камерун и пет повеќе од третопласираната Либија.
Доколку фудбалерите изборат пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, Зеленортските острови ќе станат втората најмала земја која играла на СП. Оваа островска држава има околу 587 илјади жители.
Рекордот го држи Исланд, кој учествуваше на Светското првенство во 2018 година, а земјата тогаш имаше население од 335 илјади жители.
Фото/ Принтскрин