Македонија
Класифицираните информации ќе се заштитуваат согласно стандардите на НАТО
На предлог на Министерството за одбрана, на денешната владина седница е утврден предлог-закон за класифицирани информации.
Со предлог-законот за класифицирани информации се уредува системот за заштита на класифицирани информации во земјава и се овозможува одржување високо ниво на усогласеност со регулативите на НАТО и ЕУ, следење на тековните трендови во практиките при ракувањето со класифицираните информации, како и прецизирање на одредени прашања поврзани со други области што се поврзани со работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Новиот предлог-закон ја има предвид законска основа за донесување подзаконски акт којшто ја регулира криптозаштитата во земјата, а согласно интеграциските процеси на земјата во НАТО и ЕУ, согледана е и потреба за проширување на надлежностите на Дирекцијата во доменот на размената и заштитата на класифицирани информации со меѓународните организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ
„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности“, велат од Алијанса за Албанците.
„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.
Македонија
Обновени 19 моста во Градскиот парк и реновиран Халк-корнерот во Лептокарија
Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк, во Скопје, како и обновување на зелениот Халк корнер во трговскиот центар Лептокарија, во Скопје.
Овие активности се дел од заложбите на Халкбанк како општествено одговорна компанија, активно да работи на создавање подобри услови за сите граѓани преку поддршка на инфраструктурни и еколошки проекти.
Проектот за реновирање на мостовите опфати премачкување на металните конструкции со антикорозивна боја, како и чистење на површините, со цел мостовите да останат безбедни, издржливи и функционални за сите посетители на паркот.
Истовремено, зелениот Халк корнер во Лептокарија, кој претставува вистинско забавно и еко катче, доби обновена и репарирана опрема. Ова место продолжува да служи како простор за дружба и релаксација, кој ги обединува граѓаните од сите возрасти и дополнително го разубавува урбаниот пејзаж на Општина Карпош.
Ова не е првпат Халкбанк да инвестира во овој сегмент. Во 2020 година, банката изврши целосно реновирања на мостовите, како и целосна изградба на Халк корнерот, а со тековните активности, уште еднаш ја покажува својата долгорочна грижа за заедницата и животната средина.
Токму преку вакви иницијативи, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиска институција – таа е активен поддржувач на заедницата, институција која инвестира со визија и грижа за секојдневието на граѓаните.
ПР
Скопје
Герасимовски ги награди најдобрите со престижниот „Феникс“ – признание за трудот на центарци
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја додели највисоката општинска награда „Феникс“ за исклучителни постигнувања во стопанството, уметноста, образованието, спортот и други значајни области.
„Наградата е признание за трудот, талентот и ангажманот на нашите центарци кои активно ја промовираат и претставуваат нашата општина на домашна и меѓународна сцена“, истакна Герасимовски, честитајќи им на наградените.
Во категоријата поединци и групи – творци, добитници на наградата се:
– Љупчо Трајковски Фис – композитор, познат по „Дебармаалска елегија“.
– Михаил Арсовски – иноватор и едукатор, награден за постигнувања во природните науки.
Во категоријата наградени ученици и студенти:
– Кристијана Пецалевска – ученичка во V одделение при ООУ „Кочо Рацин“, наградена за натпревари по математика и ликовна уметност.
– Ива Амелија Микулчиќ – ученичка во IV одделение при ООУ „Гоце Делчев“, наградена за постигнувања во пијано.
– Су Али – ученичка во ООУ „Коле Неделковски“, за успеси во модерен танц.
– Дамјан Давидовски – ученик во IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“, водечки македонски скијач во категорија јуниори.
– Мила Митровска – ученичка во ООУ „Димитар Миладинов“, за постигнувања во природните науки.
– Паноника Хаџи-Стефанова – ученичка во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, за значајни резултати на регионални натпревари.
Наградените добија дипломи и паричен износ од 20.000 денари.
Градоначалникот Герасимовски и Општина Центар ќе продолжат посветено да ги мотивираат жителите на Центар кон нови успеси, поттикнувајќи ги да бидат амбасадори на креативноста, знаењето и иновативноста.