Контакт

Свет

Австралиски планинар два дена ползел до спас: „Ја носев скршената нога“

Објавено пред

Австралиски планинар, кој е повреден кога паднал низ водопад висок шест метри, изјавил дека бил принуден да ја „носи“ скршената нога додека два дена ползел до чистинката на која бил спасен.

dobivaj vesti na viber

Нил Паркер (54) бил сам на патување во близина на Бризбејн кога во неделата се лизнал и завршил со скршен зглоб и потколеница, која пукнала на половина, пренесува Би-би-си.

Со оглед на тоа дека во падот го загубил телефонот, одлучил дека најдобар изглед за спас му е да стигне до најблиската чистинка. По дводневна голгота, тој, конечно, стигнал на саканата локација, каде што бил забележан од спасувачи.

„Ползев 1-1,5 метар, па паузирав“, изјавил тој за новинарите во болницата каде што престојува.

„За растојание од три километри, ми требаа цели два дена. Мислев дека никогаш нема да стигнам“, раскажал Паркер.

Тој планирал тридневен излет на локалната планина, но во еден момент камењета под неговите нозе се стркалале и паднал низ водопадот.

Паркер во својата опрема имал завои, кои ги комбинирал со стапови за да ја имобилизира ногата, а имал и лекови против болки и малку храна.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шпанските студенти планираат протести против Израел

Објавено пред

Студенти ширум Шпанија во наредните денови би можеле да започнат протести против „геноцидот што го изврши Израел во Палестина“ по примерот на универзитетите во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

На Филозофскиот факултет во Валенсија, приморски град на југозападот на земјата, студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.

„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите кои соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.

Во моментов бројни универзитети одржуваат состаноци на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.

„Студентскиот совет ќе одлучи за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на Палестиниум, група за солидарност со палестинските аспирации.

Лера, која има докторат по психологија на Универзитетот во Севиља, вели дека моментално се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и други градови.

Во понеделникот стотици студенти се собраа пред Универзитетот во Барселона каде ги развиорија своите транспаренти.

„Сакаме нашите факултети да ги прекинат сите односи со Израел и компаниите што работат таму“, рече 24-годишниот Пабло Кастиља, дипломиран студент по јавна политика.

Во Мадрид се уште нема протестно кампување, но има демонстрации. На автономниот универзитет во Мадрид, планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.

Друг јавен универзитет, Universidad Complutense de Madrid, објави декларација со наслов „Со Палестина, против геноцидот во Газа“.

„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.

Сведоци сме на геноцидот врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и неговата присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на факултетот.

Прикажи повеќе...

Свет

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Објавено пред

Италијанскиот министер за одбрана, Гидо Крозето, изјави дека санкциите наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин со цел да се стави крај на војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Крозето за весникот „Месаџеро“ изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија и го прецениле неговото економско влијание во светот.

„Наместо тоа, единствениот начин да се реши оваа криза е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави примирје, а потоа мир“, рече Крозето. На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, министерот за одбрана на Италија одговорил дека „тоа е добра можност да се потрудиме повеќе“.

„Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, колку и да е тесен“, посочи тој. Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина со цел „да се обезбедат време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“.

Министерот исто така предупреди дека во случај Русија да го окупира Киев „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји, кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.

Тој ја нарече минатогодишната украинска контраофанзива грешка со оглед на воената супериорност на Русија велејќи дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека е осудена на пропаст, „но тој не го послушал“.

Прикажи повеќе...

Свет

Би-би-си: Русија можеби регрутира кубански државјани да се борат во Украина

Објавено пред

Русија веројатно регрутирала кубански граѓани да се борат во Украина, ги пренесува Би-би-си резултатите од својата истрага.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, Кубанците биле намамени во руската армија со високи плати и пасоши, а во септември и октомври 2023 година на интернет на проукраинската платформа „Информ напалм“ излегоа податоците за пасошите на речиси 200 Кубанци, кои наводно ѝ се приклучиле на руската армија“, пренесува медиумот.

Според написите, документите излегоа на интернет и извештаите во медиумите сугерираат дека на Кубанците им се нудат месечни исплати од речиси 2.000 долари, што е огромна сума за Куба, каде што просечната месечна плата е помала од 25 долари, според Би-би-си. Рускиот пасош овозможува безвизно патување до 117 дестинации, а сопствениците на кубански пасоши се ограничени на 61.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија2 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија4 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ6 часа

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет6 часа

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија6 часа

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија7 часа

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија8 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија18 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија21 час

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ22 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ22 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет23 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет1 ден

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија1 ден

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија1 ден

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...