Македонија
(Видео) Трипуновски: Близок човек на Заев проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводителите
Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски, проневерил речиси 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводителите, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се изводите од банкарската жиро-сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во периодот од 1.1.2018 година до 1.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметката на пријателот на Зоран Заев и Спасовски, Кире Неделковски, се префрлени 5.544.600 денари. Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски и на Кире Неделковски почнал во 2017 година. Во периодот од 21.9.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари. Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот.
Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој извештај од 18.10.2018 година утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година од речиси 9.000.000 денари по што е разрешен. Неделковски шемата за испумпување пари ја правел и преку свои блиски лица, па, така, од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и му делел заеми на својот зет за ќерка, како и на блиски пријатели.
Криминалот не завршува тука. Кога Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврата се враќа на позицијата претседател на Сојузот затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власта не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател, со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9.000.000 денари од здружението.
Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека разрешница од Јавното обвинителство и од органите на гонење финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на неа нема. Наместо во притвор, Неделковски е на слобода и поради нереагирањето на власта, му било овозможено да го повтори делото.
Сојузот на 9.2.2019 година пишал и известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделство, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопанските комори. Нема реакција од ниту една институција.
Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ и близок до Заев, Николовски и до Спасовски? Или можеби дел од парите завршил на „Илинденска“, па затоа се молчи!?
Со парите на земјоделците не смее никој да си игра. Овие 300.000 евра се пари на сите тутунари, заработени со многу труд и пот. Јавното обвинителство веднаш да поведе постапка, сите вмешани да бидат соодветно санкционирани, а парите да им бидат вратени на земјоделците во Сојузот на здружението“, нагласи Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.
Македонија
Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“
На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“.
„Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Со посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања за сите генерации, претстојниот настан го означува почетокот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град“, велат од Градот.
„ Ајде заедно да го осветлиме градот. 15.12.2025 во 18:00 часот. Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња, нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“.
Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
„Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор“, соопшти МВР.

