Контакт

Вести

Ѕверствата на џихадистите прераснуваат во воени злосторства

Објавено пред

Џихадистите на Исламската држава сториле толку страшни ѕверства во Ирак, кои би можеле да прераснат во воени злосторства или злосторства против човештвото, соопшти во четвртокот високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Рад ал-Хусеин.

dobivaj vesti na viber

 

 

Изјавата на Зеид Рад ал-Хусеин уследи откао неговата канцеларија и набљудувачката мисија на ОН во Ирак објавија заеднички извештај за офанзивата на групата Исламистичка држава (ИС).

 

Во извештајот на 29 страни, кој го покрива периодот од 6 јули до 10 септември, наведени се голем број примери на тешко кршење на меѓународното хуманитарно право.

 

Фактот дека џихадистите ги правеле овие дела систематски и масовно, претставува клучен критериум дека кршењето прераснбува во злосторство против човештвото, рече портпаролот на Зеид, Руперд Колвил за Франс прес.

 

„Џихадистите го имаат сторено секое злосторство што можете да го замислите и тоа го чинеле масовно“, рече Колвил, наведувајќи некои примери за отсекување на глави, грабнување, мачење и присилување на жени и млади девојки на сексуално ропство.

 

Припадниците на Исламската држава исто така регрутираа деца за борци во своите редови и рутински убивале заробени војници и владини претставници, се вели во извештајот, во кој се додава дека имало и скрнавење и уривање на религијски и културни споменици.

 

Мисијата на ОН во Ирак соопшти дека најмалку 9.347 цивили се убиени од почетокот на годината, додека 17.386 се ранети, а повеќето од половината од настраданите е од почетокот на јули кога исламистите зазедоа делови на северот на Ирак. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија4 часа

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија4 часа

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија5 часа

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...

Македонија5 часа

Бугарската агенција за патишта има делумна вина за несреќата на автобусот на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021...

Македонија5 часа

Лидерот на Преродба побара присоединување на Македонија кон Бугарија

Лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да излезе со претензии за присоединување...

Свет7 часа

Сателитски снимки го покажуваат обемoт на катастрофата во Лос Анџелес

Петте активни пожари во Лос Анџелес, двата најголеми – Итон и Палисадес – сè уште се целосно надвор од контрола....

Свет7 часа

(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот им се заканува на повеќе знаменитости

Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Гасната централа ќе обезбеди топлинска енергија со драстично намалување на загаденоста

Загадениот воздух во градовите во државата е сериозен проблем, кој бара системски и долгорочен пристап за негово решавање. И првите...

Свет9 часа

(Видео) Исцрпени пожарникари, недостиг од вода, штетата во пожарите во Лос Анџелес се проценува на повеќе од 50 милиони долари

Деструктивните шумски пожари, кои го опкружуваат Лос Анџелес, се проширија на Холивуд Хилс, откога во другите пожари во областа загинаа...

Свет9 часа

Бајден: Можев да го победам Трамп на изборите

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти ќе го победел Доналд Трамп на ноемвриските избори, објави Би-би-си. Бајден (82)...

Свет9 часа

(Видео) „Имавме неколку часа да се спасуваме и да заминеме“ – опожарени цели блокови во Пасадена

Уште една куќа гори втора ноќ по ред во Пацифик Палисадес, а пожарникарите признаваат дека немаат доволно вода за да...

Македонија21 час

Во ек на сезона на пневмонии и грипови, нема рентген на државно – матичен лекар ја критикува состојбата на клиниките

Матичен лекар укажа на проблеми со упатите на клиниките во Скопје, додека амбулантите се преполни со пациенти болни од грип....

Регион21 час

Бајден го прошири опсегот на санкции за Западен Балкан пред крајот на неговиот мандат

Американскиот претседател Џо Бајден ги прошири категориите на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на суверенитетот и територијалниот...

Македонија22 часа

Груби доби отказ од тетовскиот универзитет кадешто предаваше новинарство

Поранешниот вицепремиер, Артан Груби доби отказ од тетовскиот универзитет поради тоа што не се појавил на работа. Груби на универзитетот...

Македонија1 ден

Чулев обвинува за сериозни злоупотреби од претходната власт во разузнавачкиот систем, го повика Обвинителството да отвори истраги

Поранешниот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обвини за сериозни злоупотреби во безбедносно-разузнавачкиот систем, за време на претходната власт предводена...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се...

Топ1 ден

Кривична против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, го оштетил Буџетот на МВР за над 926 илјади денари

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

Во мај Мицкоски ќе соопшти 90 отсто од имињата на кандидатите за градоначалници, партиските анкети почнуваат месецов

Општинските комитети веќе ги доставиле предлозите за кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, рече денес премиерот и лидер на...

Македонија1 ден

Мицкоски за интерпелациите: Очекувам напади што ќе поттикнат меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и неуспешно

Неуспешен обид за интерпелација на петмина функционери во Собранието очекува премиерот Христијан Мицкоски. Собранието в петок почнува со работа, а...