Контакт

Вести

Во Бангладеш погубени двајца челници на исламистичката опозиција

Објавено пред

– Али Ахсан Мохамед Муџахуд, погубениот генерален секретар на Џамат-е-Ислами

dobivaj vesti na viber

Бангладеш во саботата погуби двајца опозициски челници осудени на смрт поради злосторствата во текот на војната за независност од Пакистан во 1971 година, по што се очекуваат изливи на гнев на нивните приврзаници.

Бангладеш во саботата погуби двајца опозициски челници осудени на смрт поради злосторствата во текот на војната за независност од Пакистан во 1971 година, по што се очекуваат изливи на гнев на нивните приврзаници.

Исламистичкиот опозицски челници Али Ахсан Мохамед Муџахуд и Салаудин Квадер Чудури, поранешен пратеник на Националистичката партија на поранешниот премиерка Каледа Зија, се обесени набрзо откако претседателот Абдул Хамид ги одби нивните молби за помилување.Муџахид, генералниот секретар на партијата Џамат-е-Ислами е прогласен за виновен по обвиненијата во кои се вклучени мачења и убиства на интелектуалци и припадници на хиндуската заедница, додека командувал со Ал Бадра, паравоени единици кои дејствуваа заедно со пакистанската војска во војната за осамостојување од Пакистан. Чудури, пак, беше пратеник на бангладешката националистичката партија на поранешната премиерка Каледа Зија, а во 2013 година беше осуден за геноцид, верско прогонување, киднапирања и измачување во текот на војната.Војната од 1971 година заврши со создавање на државата Бангладеш, а станува збор за покраина која од 1947 година беше во состав на Пакистан, и се нарекуваше Источен Бенгал а подоцна и Источен Пакистан.Премиерката Шеика Хасина Вазед го воспостави судот во 2010, откако првиот обид за судење на осомничените за убиства беше прекинат во 1975 година кога беше убиен Шеик Маџибух Рахман, втемелувач на државата Бангладеш и татко на сегашната премиерка.Специјалниот суд досега подигна обвинение против 18 лица, главно од партијата Џамат-е-Ислами, по разни точки а смртни казни се изречени за 11 од нив. Партијата Џамат-е-Ислими се противеше на независноста во текот на конфликтот, а споменатите процеси ги отфрла како политички мотивирани.Во текот на интервенцијата на Индија кон крајот на судирите во 1971 година, којашто го најави брзиот пораз на пропакистанските сили, милициите кои беа наклонети кон Исламабад масакрираа десетици познати професори, режисери, уметници, лекари и новинари. Владата во 2010 година го формираше судот ICT и истакна дека тие процеси се неопходни за да се затворат сé уште отворените рани од војната за независност. Меѓутоа, исламистичката партија Џамат-е-Ислам ја обвинува владата дека го основала овој од политички мотиви, бидејќи најмногу им се суди на претставници на опозицијата. Организацијата Human Rights Watch ги критикуваше процедурите со кои не се почитуваат меѓународните норми.На почетокот од август 2013 година судовите ја забранија исламистичката партија Џамат-е-Ислам, одлука која беше донесена пред одржување на изборите закажани за јануари 2014 година. Џамат, инаку, ретко добива повеќе од 5 отсто гласови на изборите по 1970 година, но учествуваше во неколку коалициски влади.Последните неколкуте години политичката и безбедносната ситуација во Бангладеш е влошена во врска судењата на лидерите на најголемата исламска партија во земјата Џамат-е-Ислами кои се обвинети за воени злосторства за време на војната за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година. Според податоците на владата, во војната од 1971 година загинале 3 милиони луѓе, додека независните организации проценуваат дека станува збор за меѓу 300 и 500 илјади жртви. Околу 90 отсто од 153-те милиони жители на Бангладеш се муслимани. Будистите претставуваат помалку од еден отсто од населението и живеат повеќето во југоисточните окрузи, во близина на границата со мнозинскиот будистички Мианмар.На судење чекаат уште десетна членови на партијата Џамат, и затоа на Бангладеш, претежно муслиманска земја, му се закануваат нови бранови насилство.Бангладеш станал дел од Пакистан кога е укината британската колонијална управа во 1947 година. Тогаш се нарекувал Источен Пакистан, меѓутоа со помош на Индија во деветмесечната војна против Западен Пакистан, се избори за независност./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија2 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија3 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија5 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија6 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура6 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија6 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет6 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија7 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет8 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет8 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа9 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет9 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет9 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија10 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија22 часа

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ1 ден

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...

Македонија1 ден

Изнервирана затоа што бебето плачело, го удирала со раце и тупаници по устата и носот: Обвинителството поведе истрага против мајката

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во ‘Ржаничино, која е осомничена...