Македонија
Првата вакуум-канализација во земјава се гради во Јурумлери
Во консултација со светски експерти, во Јурумлери се реализира изградбата на првата вакуум-канализација во земјава.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, заедно со експертите од Англија, Унгарија, Романија и Србија направи увид при поставувањето приклучоци за вакуум-мрежата во Јурумлери.
Георгиевски им се заблагодари што се вклучуваат во овој проект и посочи дека изградбата на вакуум- канализацијата ќе се реализира во неколку фази, а веќе напредува изведбата на првата фаза.
„Наша цел е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациски инсталации и шахти. Со овој проект жителите на Јурумлери и околината конечно добиваат современи услови за живот какви што заслужуваат, а септичките јами ќе станат минато“, рече Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други локации, поради сомненија за кривично дело злоупотреба на службена должност.
Обвинителството најави повеќе информации по завршување на акцијата.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)

