Спорт
Хамилтон се врати како најбрз на вториот тренинг во Сингапур
Луис Хамилтон го врати Мерцедес на врвот на вториот тренинг пред Сингапур ГП трката, ставајќи крај на доминацијата на последните две трки на Ферари, додека зад него беше Макс Ферстапен во Ред бул со само две десетинки послабо време, додека Себастијан Фетел со Ферари беше трет со осум десетинки заостанување.
Ферстапен беше прв во првата сесија на патеката Марина Беј, но Хамилтон имаше најбрз круг од 1:38.773.
Колегата на Ферстапен од Ред бул, Александер Албон го скрши болидот на стартот на сесијата, по што влезе на 15 минути пред крајот на тренингот за да постави петто најбрзо време. Победникот од Спа и Монца, Шарл Леклер, беше шести откако имаше доста проблеми со „метежот“ на патеката, додека Валтери Ботас беше четврти. Мекларен исто така имаа добар старт, откако Карлос Саинс Јуниор (7) и Лендо Норис (9) беа во топ 10, како и Нико Хилкенберг за Рено на 8. позиција.
FP2 CLASSIFICATION: Hamilton leads, but not by much…#F1 #SingaporeGP pic.twitter.com/FDKHoRUHDb
— Formula 1 (@F1) September 20, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
На Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство
Аргентинската судска власт интензивно истражува можни финансиски неправилности во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), со фокус на претседателот Клаудио Тапија и неговиот близок соработник, благајникот Пабло Товигињо.
Во текот на декември 2025 година, беа извршени бројни претреси во седиштето на АФА, канцелариите на Лигата и над 17 клубови.
Паралелно, судијата Даниел Рафекас, нареди претрес на луксузна вила во Пилар (над 10 хектари), формално во сопственост на компанијата „Реал Централ СРЛ“.
Таму беа конфискувани околу 45 луксузни автомобили (Порше, Ферари), мотоцикли и други вредни предмети.
Истрагата ја вклучува и финансиската компанија „Сур Финанзас“, обвинета за сомнителни кредити на клубови и можно перење пари.
ФИФА внимателно го следи целиот случај и доколку конечно се докаже дека Тапија навистина нелегално стекнал богатство, не е исклучено Аргентина да биде исклучена и од Светското првенство, а Финалисима, натпревар организиран од ФИФА во кој се среќаваат шампионите на Европа и Јужна Америка, да биде откажан.
Спорт
(Видео) Рафиња ја реши Осасуна
Барселона му избега на Реал со седум бода, барем до крајот на ова коло, по победата против Осасуна – 2:0.
Барселона доминираше против Осасуна, особено во првото полувреме од натпреварот на реновираниот стадион „Камп Ноу“. Но, на полувреме Каталонците немаа предност.
Во второто полувреме, домашните исто така беа подобар ривал, и конечно ја крунисаа иницијативата со водство по одлична акција и прецизен шут на капитенот Рафиња, кој во 70-та минута погоди од 17 метри.
Конечните 2-0 беа поставени во 86-та минута , кога Рафиња повторно постигна гол, кој конечно го скрши отпорот на борбената Осасуна на овој натпревар.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Салах асистент во триумфот над Брајтон, Челзи славеше против Евертон
Ливерпул и Челзи забележаа идентични победи, 2:0, во дуелите со Брајтон и Евертон, во 16-ѕо коло во Премиер литага.
Екипата на Арне Слот ја забележа втората победа по ред во сите натпреварувања, откако го победи Итнер во Лигата на шампионите, по серијтаа лоши резултати.
Мохамед Салах играше на овој натпревар и запиша една асистенција, а влезе во игра од клупата во 26-та минута кога мораше да го замени повредениот Џо Гомез. Напаѓачот беше пречекан со силен аплауз од трибините на „Енфилд“.
Ливерпул поведе во првата минута, кога Уго Екитике постигна гол за 1:0. Тоа беше резултатот на првото полувреме.
Истиот играч во 60-та минута беше стрелец за 2:0, а асистент беше Салах.
За споредба, Салах неодамна не играше во Лидс, како и на претходниот натпревар против Вест Хем, додека на натпреварот против Сандерленд одигра само 45 минути.
Сето ова доведе до отворено незадоволство и најава за можно заминување од „Енфилд“, што следеше веднаш по судирот на „Еланд Роуд“. Во својата изјава по тој натпревар, Салах отворено го критикуваше клубот и тренерот, на што тие не молчеа.
Клубот застана на страната на Арне Слот, а Салах беше отстранет од тимот што отпатува во Милано за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во кој славеа без крилен играч.
Во истиот термин, Челзи го победи Евертон со 2:0, со головите на Кол Палмер во 21-та минута и Мало Густ во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Foto/ depositphotos

