Македонија
Заев в понеделник на Генералното собрание на ОН
Претседателот на Владата, Зоран Заев, и владина делегација во состав заменик претседател во Владата за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.
Премиерот Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.
Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од Претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.
Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.
Официјалното обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

