Контакт

Вести

Сирија предупреди: Копнената интервенција ќе биде агресија, војниците дома ќе одат во ковчези

Објавено пред

Сириската влада по најавите дека Саудиска Арабија и некои други земји подготвуваат копнена воена интервенција на територијата на Сирија, порача дека таквите идеи треба да бидат отстранети, предупредувајќи дека странските војници во ковчези ќе бидат враќани, а нејзиниот сојузник Иран оцени дека саудиските власти нема да се осмелат тоа да го сторат.

dobivaj vesti na viber

„Каква и да е копнена интервенција на сириска територија без одобрување на владата, би претставувала агресија на којашто ќе мора да ѝ биде пружен отпор. Никој нека не помислува на агресија врз Сирија или повреда на нејзиниот суверенитет, бидејќи, без разлика дали тоа биел Саудијци или Турци, ќе ги испратиме дома во ковчези“, изјави сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем на прес-конференцијата во Дамаск.

Муалем, исто така, посочи дека прекинот на огнот не возможен, сé додека сириската владина армија не воспостави целосна контрола на границите со Турција и со Јордан, преку кои стигнува помош и за вооружената сунитска опозиција којашто Западот ја смета за умерена, и за џихадистичкете сунитски групи како Исламската држава и Џенхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Кеда.

Шефот на сириската дипломатија го цитира својот руски колега Сергеј Лавров кој рече дека „прекинот на огнот нема да биде можен пред да се воспостави контрола над турската и јорданската граница, а тоа е тешко да се постигне без да се состави листата на терористички организации“.

Русија од западните и регионалните сојузници на бунтовниците во Сирија бара да се состави листата на екстремни и терористички организации, чии позиции не би ги гаѓале нејзините воздушни сили кои таму дејствуваат, и поради нивно преземање на обврски од евентуално постигнатиот договор за прекин на огнот. Меѓутоа, околните сунитски земји ен се согласуваат на тоа, бидејќи секоја од нив поддржува некоја бунтовничка група во петгодишниот сириски конфликт.

Сириските владини сили помогнати од локалните милиции и доброволци од Ирак, Иран и Либан, и подржани од руските воздушни удари кои започнаа ланскиот 30-ти септември, бележат големи успеси на теренот. Владата во Дамаск си смета вооружените сунитски опозициски групи, исламистичките групи и џихадистите за терористи, кои се платени од регионалните сили, во прв ред Саудиска Арабија, Турција и Катар.

Иран во саботата оцени дека Саудиска Арабија не би се осмелила да преземе копнена воена интервенција во Сирија, имајќи го предвид слабиот успех од сличната операција во Јемен, иако и во двете земји е активен учесник во меѓународните коалиции кои извршуваат воздушни удари.

„Саудиска Арабија нема да се осмели да испрати свои сили во Сирија“, изјави генералот Мохамед Али Џафари, врховен командант на Гардата на чуварите на револуцијата, елитните единци на иранската армија, пренесе агенцијата Fars.

„Саудијците рекоа дека ќе испратат сили во Сирија. Не веруваме дека ќе се осмелат тоа да го сторат, бидејќи нивната војска е класична, а историјата покажа дека таа нема сила да им се спротистави на војниците на исламот“, изјавил генералот Џафари на погребот на шест Иранци загинати во Сирија, меѓу кои и командант на гардата генералот Мохсен Гаџијани, кој загина во гранатирање на позиции на сириската армија во коај беше вклучен како воен советник.

„Кога тоа би го сториле, та би било како да си пукаат себеси во глава“, порачал Џафари.

Поранешниот командант на Гардата, генералот Мохсен Резаи предупреди, пак, дека доколку се случи саудиската армија копнено да интервенира во Сирија, многу лесно може да се случи да избувне регионална војна.

„По поразот на Даеш (арапски акроним за Исламската држава) и Џебхат ан-Нусра во Ирак и во Сирија, Саудиска Арабија и САД одлучиле да испратат саудиски војници во Сирија за да им помогнат на бунтовниците“, објави Резаи на Instragram.

„Во тој случај, судирот меѓу Русија, Турција, Саудиска Арабија и Сирија, и потоа влегувањето на САД во тој судир и голема регионална војна, ќе бидат веројатни“, додава генералот Резаи.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници меѓу арапските сунитски земји подготвуваат до 150.000 војници за евентуална копнена операција во Сирија чија цел наводно би била екстремната сунитска организација Исламска држава, тврдат извори на американската телевизиска мрежа CNN. Како што навеле неименуваните извори на телевизијата, програмата за подготовки се спроведува на територијата на Саудиска Арабија, и во неа се вклучени саудиски, египетски, судански и јордански војници.

Советникот на министерот за одбрана на Саудиска Арабија, генералот Ахмед Асири во четвртокот изјави дека неговата земја е подготвена за учество во копнена операција во Сирија, доколку на тоа се согласи командата на меѓународната коалиција предводена од САД. Асири посочи дека таквата одлука може да биде донесена на самитот на НАТО во Брисел следната седмица. Американскиот министер за одбрана, Ештон Картер, потврди дека на самитот на НАТО со саудиските претставници ќе се разгледува иницијативата на Ријад.

Британскиот весник The Guardian, повикувајќи се на извори во саудиското кралство, објави дека Ријад може да испрати во Сирија за борба против Исламската држава неколку илјади војници, и оти таа операција може да биде изведена во координација со Турција. Подготвеност да испрати копнени војски во Сирија, според изворот, покажал и Бахреин.

Руското министерство за одбрана претходно седмицава изјави дека постојат сериозни знаци дека Турција потајно врши интензивни подготовки за копнена инвазија во Сирија, што Анкара го негираше./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе отпатува во Истанбул на мировни преговори и дека е подготвен да се сретне...

Свет3 часа

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Зapaдната стратегија насочена кон уништување на Русија не успеа, санкциите не ја постигнаа својата цел, а Русија ја спречи Украина...

Македонија9 часа

Левицата предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната: МВР реагира за сквернавење, но не влегува во канцеларии

Партијата Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за формирање инспекторат за употреба на грбот, знамето и химната на државата, како...

Македонија10 часа

Мицкоски: Државата беше во слободно паѓање, ни требаше стабилизација во оваа прва година

Премиерот, Христијан Мицкоски, на денешниот Самит 2025 во организација на „Македонија 2025“ истакна дека првиот ден од стапување на функцијата...

Економија10 часа

Се зголемуваат цените на бензините, се намалува на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија11 часа

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции...

Свет11 часа

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Вештачката интелигенција, колку и да е корисна, е сè повеќе фактор во радикализацијата на младите луѓе, што го покажуваат случаите...

Свет12 часа

САД и Кина постигнаа договор

САД И Кина се согласија за значително намалување на царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите...

Македонија14 часа

Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата не може да биде под минималната во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест. „Полициската...

Европа15 часа

Захарова: Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на Втората светска војна

Русија и Кина се борат да го зачуваат историското сеќавање на херојските дела на своите народи во Втората светска војна,...

Свет15 часа

Трамп: На корумпираните демократи им пречи бесплатниот авион

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп има намера да прифати авион „Боинг 747-8“ како подарок од катарското кралско семејство, кој...

Свет22 часа

Зеленски согласен в четврток во Истанбул да се сретне со Путин за крај на војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е согласен в четврток во Истанбул да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за...

Македонија22 часа

Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство. „При вршење...

Македонија23 часа

Невреме со град, дожд и грмотевици вечерва во Струмица: поплавени улици, паднати дрвја и делови од градот без струја

Откорнати дрвја, поплавени улици и делови од центарот без струја е билансот од невремето со град, дожд и грмежи вечерва...

Топ1 ден

Малолетничка на болничко лекување пријавила дека лекар од Клинички центар во тоалет ја допирал по телото

Вчеравечер во СВР Скопје малолетничка од Виничко, која била згрижена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пријавила дека околу...

Свет1 ден

Прво обраќање на папата Лав XIV: Запрете ги сите војни

Папа Лав XIV повика глобалните лидери да престанат да водат војни во првиот поголем говор до верниците. “Јас исто така...

Македонија1 ден

(Видео) Кривична пријава за 23 – годишниот кривопаланчанец кој со автомобил влечеше куче

Против 23- годишникот кој со автомобил влечеше куче ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. „На 10.05.2025 во 23.30...

Македонија1 ден

(Видео) Таравари е одлучен да се врати во прегратките на Али Амети и ДУИ, следната недела ќе имаме завршно пиење кафе, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела ќе има уште една, завршна средба со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани: Нема закон што ќе ја избрише тагата, но да покажеме дека сме тука за семејствата

Социјадемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја повика партијата ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот за Кочани.  Од СДСМ велат дека како...

Македонија1 ден

Уапсен кичевец, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Утрово полицијата во Кичево го уапси Е.А. (48) оти со секира ги нападнал родителите и си го убил таткото. „Околу...