Македонија
Османи: Прогласувањето на Шар Планина за Национален Парк е мошне значајно за нашите европски перспективи
Со своите убавини и богатства, Шар Планина е едно од најзначајните подрачја за зачувување на природата не само во Република Северна Македонија, туку и на регионално и на Европско ниво, поради што таа треба да биде прогласена за Национален Парк, истакна Заменик претседателот на Владата, Бујар Османи, пред голем број амбасадори, претставници на меѓународни организации, градоначалници и други гости во шарпланинската област Шипковички бачила.
„Верувам дека само оној кој што ја познава својата земја, само оној кој ги познава убавините на својата земја, само тој искрено си ја сака и си ја чува земјата. Како предводник на европските интеграции, дозволете да ја пренесам пораката која ја сметам за сублимат на сите посетиnaевропските метрополи, порака која буквално секаде ја добивам а тоа е – Република Северна Македонија ги исполни обврските, земјата заслужува напредок во европските интеграции, и затоа во октомври Европската унија ќе го исполни својот дел обврската и ќе ги почне преговорите со нашата земја, за полноправно членство во овој Сојуз“ рече вицепремиерот Османи.
Тој истакна дека Европската Унија е многу повеќе од само сојуз на држави; таа е збир на стандарди, правила, но уште повеќе збир на идеи и вредности. Како што наведе, една таква благородна идеја е и заштитата на природата, нештоштопретставува и врвен приоритет на Финското претседателство со ЕУ, на глобално ниво, во насока на заштита на земјата од климатските промени.
„Тука сме во сличен контекст, да употребам стручен термин – во насока на промоција на „зачувувањето на биодиверзитетот“. Во овој сегмент, еден од условите што Република Северна Македонија треба да ги исполни како идна членка на ЕУ е да ги задоволи пропишаните европски регулативи во врска со зачувување на биодиверзитетот, односно обезбедување степен на заштита на барем 12 проценти од вкупната своја територија. Но, дозволете да испратам друга порака. Ајде за оваа идеја, за оваа вредност или стандард да одиме чекор понатаму. Ајде да го заштитиме биодиверзитетот на уште поголеми пространства, и да со тоа да бидеме убавиот дел од Европа“ рече Османи.
Моментно, нивото на заштитени подрачја во земјава зафаќа околу 9 отсто и токму прогласувањето на овој, шарпланинскиот регион, за Национален Парк овој процент би пораснал на 12.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

