Контакт

Вести

Шведското признавање на Палестина го одушеви Абас, го разочара Либерман

Објавено пред

Официјалното признавање на палестинската држава од страна на Шведска предизвика очекувано одушевување кај Палестинците и незадоволство меѓу Израелците, од одлуката којашто, според некои аналитичари, може да одигра улога како грутка снег која ќе предизвика лавина.
 

dobivaj vesti na viber

Официјалното признавање на палестинската држава од страна на Шведска предизвика очекувано одушевување кај Палестинците и незадоволство меѓу Израелците, од одлуката којашто, според некои аналитичари, може да одигра улога како грутка снег која ќе предизвика лавина.

 

„Тоа е историска одлука. Одлуката претставува порака до Израел и одговор на неговата практика на континуирана окупација на палестинските територии“, изјави за медиуми Набил Абу Рудеина, портпаролот на претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас.

Ги повика и другите влади да го следат примерот на шведската, со што „ќе придонесат за промовирање на мирот со воспоставување на државата Палестина со Ерусалим како главен град“, пренесе германската агенција DPA.

Признавањето на палестинската држава според Израел е избрзано, бидејќи смета дека „предизвикува голема штета, без ни малку полза“, изјави шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман.

„Тоа е несреќна одлука којашто ги јакне екстремистичките елементи и палестинската политика на одбивањето, бидејќи ги поддржува нереалните барања на Палестинците и ги оддалечува страните од можноста да постигнат договор“, смета Либерман кого го цитира AFP. Шефот на израелската дипломатија, исто така, повтори дека признавањето на палестинската држава треба да следува дури откако ќе биде постигнат израелско-палестинскиот сеопфатен мировен договор.

Шведска е првата земја од Европската унија којашто ја признава државата Палестина, бидејќи денешните земји членки на ЕУ, Чешка, Унгарија, Полска, Бугарија, Романија, Малта и Кипар ја признаа пред влегувањето во Унијата.

Шефицата на шведската дипломатија Маргот Валстрим објави претходно во четвртокот дека е донесена одлука за признавање на Палестина, бидејќи смета дека „критериумите на меѓународното право за признавање на Државата Палестина се исполнети“, територијата постои „иако без фиксни граници“, како што постои и „население и влада“.

САД, кои се моќниот партнер на Израел, сé уште официјално не се огласија во врска со шведското признавање на палестинската држава, но тамошните медиуми потсетуваат дека на почетокот од октомври кога Стокхолм го најави признавањето соопштија дека тоа „преурането“.

„Стравувам дека (одлуката) стигна предоцна а не прерано“, оцени шведската министерка за надворешни работи Валстром на прес-конференција.

Според евиденцијата што во четвртокот ја објави француската новинска агенција AFP, досега 112 земји ја признале Државата Палестина, додека Палестинската самоуправа објави дека станува збор за 134 држави.

Шведска, на чијашто територија живее бројна палестинска заедница, одлуката за признавањето ја донесе во период кога се чини дека напорите за решавање на со децении долгиот израелски-палестински западнаа во ќорсокак од кој западните земји не знаат да го изнајдат излезот, а таквата состојба само ја јакне фрустрираноста на палестинското водство.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги повика сите земји во светот кои сé уште се колебаат да ја признаат „независната палестинска држава во нејзините граници од 1967 година со Источен Ерусалим како главен град, и да го следат примерот на Шведска“, рече во Рамала неговиот портпарол.

„Тешко е навистина да се предвидува колку земји ќе го сторат всушност тој голем чекор и ќе го следат примерот на Шведска“, смета Михаел Шулц, научник од универзитет во Гетеборг и експерт за судири.

„За Европската унија, за да го признае Палестина, потребен е консензус од сите држави, а тоа е малку веројатно. Затоа краткорочно одлуката нема да предизвика големи промени, но сеа треба да се следи како ќе реагира Израел, дали ќе ја продолжи својата политика на колонизација или ќе биде поразборит“, додава Шулц.

Професорот за меѓународно право Ове Бринг за шведската новинска агенција ТТ изјави дека шведската иницијатива „би можела да има дипломатски ефект на грутка снег“ којашто предизвикува лавина.

Шведска притоа одлучи и да ја зголеми билатералната помош за Палестина во износ од 500 милиони шведски круни или 53,9 милиони евра. Оваа програма за помош за пет години ќе изнесува 1,5 милијарди круни. Шведска има генерален конзулат во градот Ерусалим./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија2 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија2 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија4 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ4 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ5 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија5 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион5 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа7 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион8 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија8 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија9 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ19 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија21 час

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија21 час

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија22 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија1 ден

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија1 ден

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ1 ден

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...