Црна хроника
Продолжува акцијата за откривање мигранти

Македонската полиција продолжува со засилена акција за откривање на илегални мигранти, при што во саботата кај Куманово откри тројца мигранти од Авганистан.
По засилената контрола во Кумановско-Липковскиот регион после акцијата “Решето“ на 20.07.2013 година на магистралниот пат Скопје-Куманово, во близина на с.Делјадровци од страна на УПС било стопирано ПМВ „Застава 128“ со кумановски регистерски ознаки, сопственост на Љ.С.(28) од Куманово, соопшти во неделата МВР. Возачот кој го управувал ПМВ, наместо да застане, ја зголемил брзината на движење, по што во близина на с.Агино село застанал, го напуштил возилото и се дал во бегство. Во возилото пронајдени се тројца мигранти од Авганистан кои ќе бидат предадени во Прифатен центар Скопје.Се превземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото. Претходно во текот на неделата во полициската акција “Решето“ беа откриени 34 мигранти. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.