Црна хроника
Десет години крадел вода за наводнување на лозје во Кавадарци

Жител на Кавадарци десет години крадел вода за наводнување на лозје со површина од 4. 282 метри квадратни.
Полицијата поднесе кривична пријава против З.Ј.(45) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на вода.
Тој пред околу 10 години, без одобрение од Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, на место викано „Катуниште“, со спојка и црево долго неколку стотици метри се приклучил на одводна цевка која излегува од хидроцентрала и во период од 10 години ја користел водата за наводнување на неговиот лозов насад со површина од 4. 282 метри квадратни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“ и двајца полициски службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.