Контакт

Вести

Лавров бара американска поддршка за хуманитарна мисија во Украина, Британија и САД не даваат, Порошенко прифаќа меѓународна

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата навечер побара американска поддршка за рускиот предлог за хуманитарна помош на цивилните жртви во судирите во источна Украина, а американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон по телефонскиот разговор објавија дека секоја руска хуманитарна мисија во Украина би била неприфатлива и незаконска, додека украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека е подготвен да прифати меѓународна хуманитарна помош, а бунтовниците се подготвени на примирје.

dobivaj vesti na viber

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го повикал американскиот државен секретар Џон Кери „за да ја истакне неопходноста од итните мерки за спречување на хуманитарната криза која директно му се заканува на југозападот на Украина“, каде што на повеќе стотици илјади жители на двата града Луганск и Донецк кои ги контролираат проруските бунтовници а четири месеци се под напад на украинската армија, се без електрична енергија, вода и секакви телекомуникациски врски, а недостигаат и храна и лекови, соопшти руското министерството за надворешни работи.Лаворов „ги повика САД да ја поддржат руската иницијатива за организирање хуманитарна мисија во југозападот (на Украина) во соработка со сите надлежни меѓународните тел“. Кери одговорил дека „токму на тоа работи во моментов со украинските власти“.Во Луганск локалните власти ја оценија ситуацијата како критична, имајќи предвид дека цела седмица во градот нема електрична енергија и вода, како последица од насочените бомбардирања на украинската армија. Исто така, се наведува и дека речиси нема и гориво и хранаРусија на вонредната седница во ОН во петокот предложи да биде организирана хуманитарна мисија или да се воспостават хуманитарни коридори за да му се помогне на цивилното население во источна Украина. Западот и Киев ја одбија оваа иницијатива дека наводно поради страв дека тоа ќе биде изговор за инвазија. САД притоа многу лесно го добија рускиот предлог за испраќање хуманитарна помош во Украина. „Секоја дополнителна руска интервенција во Украина би била сосема неприфатлива и би се сметала за инвазија на Украина“, изјави во петокот американската амбасадорка во ОН, Саманта Пауер.Истиот став во саботата навечер го повторија и американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон, по меѓусебниот телефонски разговор. „Двајцата челници изразија голема загриженост поради информацијата дека руски воени возила ја минале границата и влегле во Украина, како и дека руските воени сили започнале вежби за ‘хуманитарна интервенција’“, соопшти кабинетот на премиерот на Велика Британија.„Премиерот и претседателот сосема јасно рекоа дека секоја таква наводна хуманитарна мисија би била неоправдана и нелегитимна“, се истакнува во соопштението.Подоцна во текот на ноќта американскиот претседател Обама на истата тема имал телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел при што заклучиле дека „секоја руска интервенција во Украина под изговор за хуманитарна помош е неприфатлива“ без изрична согласност на Киев. „Двајцата челници се согласија дека секоја руска интервенција во Украина, и а под ‘хуманитарен’ изговор е неприфатлива без јасно и официјални согласување на украинската влада, Со тоа би бил прекршен меѓународниот закон и би настанале дополнителни последици“, соопшти Белата куќа, очигледно алудирајќи на нови санкции против Москва. Се истакнува дека Обама и Меркел уште еднаш ѝ упатиле повик на Русија да се обиде на најде политичко решение на кризата. Претходно Киев изјави дека „спречил обид на Русија да испрати воени сили во Украина под изговор за мировна мисија со цел да испровоцира голем воен судир“, што Москва го отфрли карактеризирајќи го како „бајка“.Москва демантираше дека нејзини сили воопшто имале намера да влезат во Украина, за што всушност ја обвинува Киев. „Тешко ни е да разбереме што е намерата на Киев. Немаше никаков обид на руските сили да влезат на украинската територија“, порача Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.Во меѓувреме украинскиот претседател Петро Порошенко во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека е подготвен да прифати меѓународна хуманитарна мисија во источниот град Луганск, но под услов да биде меѓународна, невооружена и да минува преку граничните премини кои ги контролира Киев. За тоа Порошенко веќе разговарала со претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) Петер Маурер и со други меѓународни, партнери, соопшти неговиот кабинет. Подготвени сме да прифатиме хуманитарна помош, доколку таа мисија биде меѓународна, без никаква воена придружба и доколку минува преку граничните премини кои ги контролираат украинските граничари“, истакнува Порошенко во соопштението.Проруските бунтовници соопштија, пак, дека се подготвени на прекин на огнот со киевската влада. „Спремни сме за прекин на огнот за да се спречи ширењето на хуманитарната катастрофа во Донбас“, изјави Александр Захарченко, етнички Украинец кој пред две дена стана премиер на самопрогласената Народна Република Донецк, во соопштението за ситуацијата во областа каде што се водат борби.Предупреди дека Донецк, важен индустриски центар и средиште на отпорот на бунтовниците со над милион жители, се соочува со недостиг од храна, вода и електрична енергија, но истакна дека бунтовниците се подготвени да гои бранат градот по секоја цена.„Во случај на напад на градот бројот на жртвите е биде многу голем. Немаме хуманитарни коридори. Нема резерви на лекови… и резервите на храна се при крај“, изјави Захарченко.Украински функционери оценувајќи дека станува збор за слабост на бунтовниците одговорија дека се подготвени на прекин на огнот, но под услов бунтовниците да го положат оружјето, што сигурно ќе биде одбиено. Украинската армија тврди дека постепено го стега обрачот околу двата бунтовнички града Донецк и Луганск, но сѐ уште не може да ја пресече територијата со кои тие се поврзани./крајмф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментов нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа29 минути

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа56 минути

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На Флајтрадар можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 час

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа1 час

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија12 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија14 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија18 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија19 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ21 час

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ21 час

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија21 час

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ22 часа

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија23 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија23 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион1 ден

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет1 ден

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет1 ден

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...