Македонија
Јанева не даде исказ за „Рекет“, вратена повторно во затвор
Заврши распитот на ексшефицата на СЈО и осомничена во случајот „Рекет”, Катица Јанева. Таа се задржа еден час кај обвинителката Вилма Русковска. Јанева во придружба на затворската полиција и со лисици на рацете беше вратена во истражниот затвор „Скопје”.
Минатиот месец таа беше на распит во својство на лице од кое се собираат информации, а ден потоа беше уапсена во нејзиниот дом.
Адвокатката Ирена Фрчковска, која ја застапува Јанева, минатата недела изјави дека направиле увид во доказите што ги поседува обвинителката Вилма Русковска, но не во сите бидејќи ѝ биле презентирани селективно. Фрчковска во неколку наврати тврди дека нејзиниот клиент Јанева не е инволвирана во „Рекет“, а ниту Обвинителството ѝ презентирало докази за делото што ѝ се става на товар.
По вчерашниот распит на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, обвинителката Русковска преку соопштение извести дека истрагата е завршена, а тоа ќе ѝ биде кажано и на Јанева пред да го даде исказот.
Фрчковска како застапник на Јанева бараше да ѝ биде укинат притворот кој ѝ е изречен по три основи – опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото. Судија на претходна постапка ја одби гаранцијата на Јанева како неоснована. Ексшефицата на СЈО се сомничи за злоупотреба на положбата и овластувањата заради стекнување лична корист.
Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.
Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов. Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

