Македонија
Уредени пешачките површини во Скопје
На крајот на европската недела на мобилноста, којашто оваа година беше посветена на пешачењето и велосипедизмот под мотото „Пешачи со нас“, Град Скопје на неколку локации уреди нови пешачки површини во Скопје.

Уредени се тротоарот пред Порта Буњаковец, новиот тротоар на ул. Даме Груев, на „Рузвелтова“, тротоарот пред „Трготекстил“ на ул. Кирил и Методиј, домашните миленици во Градски ѕид, исто така, ги користат просторите некогаш наменети за паркирање на возилата, тротоарот пред главната пошта, оградата на „Васко Карангелески“ беше првично поставена за заштита на учениците од блиското училиште, но потоа тротоарот почнаа да го користат и рекреативците, тротоарот пред Министерство за правда, учениците од новото ОУ „Киро Глигоров“ во Капиштец се целосно безбедни од локалниот моторен сообраќај.

Првиот памптрак во Скопје пред Олимписки базен беше отворен летоска за рекреација на децата и младите и подобро развивање на нивните вештини на тркала. Тротоарот спроти Музејот на Град Скопје често беше окупиран од таксистите и од посетителите на Рамстор.

За безбедни школски денови и слободни тротоари, кај ОУ „Кочо Рацин“ на Водно е поставена заштитна ограда и платоа за намалување на брзината на сообраќајот. Тротоарот пред Европски универзитет ослободен од паркирани возила. Партизанска кај „Зегин“ со улична уметност, реконстриураната велосипедска и пешачка патека на бул. 8 Септември.

На десетици локации низ Скопје се поставени паркинзи за велосипеди по барање на граѓаните. Тротоарите на „Климент Охридски“ често беа зафатени од возила кои истовремено ја блокираа и велосипедската патека.

Скопје станува функционален град кој обезбедува квалитетен живот за сите граѓани, особено преку поттикнување промена на начинот на транспорт од патувања со автомобил на патувања со одржливи видови транспорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

