Спорт
Амбициозен проект на Пиринеите, „португалскиот Лестер“ се вика Фамалисао

Новајлијата во првата португалска лига, тимот на Фамалисао, е хит на почетокот на сезоната. Клубот кој летоска доведе во своите редови дури 19 нови фудбалери се врати во првата лига по пауза од цели 25 години.
По 6 одиграни кола, Фамалисао е лидер на табелата со 5 победи и 1 нерешен дуел, со 16 бода зад второпласираната Бенфика со 15 и третопласираниот Порто со ист број бодови.
Во последното коло клубот кој асоцира на семејно опкружување славеше на г ости со 2-1 против Спортинг Лисабон.
Фудбалските стручњаци во Португалија коментираат дека амбициозниот клуб би можело по многу години да го разбуди португалскиот фудбал, чиј монопол самоуверено го држат Бенфика и Порто.
Промените во клубот, кој подолго време игра во втората португалска лига, дојдоа во септември 2018 година кога во клубот влезе „Квантум Пасифик груп“, компанија која има добар дел акции и во шпански Атлетико Мадрид.
Фамалисао го ангажира тренерот Карлос Пинто, стратег што тимот го врати во елитата. Сепак, газдата на клубот не го награди тренерот, туку работата му ја довери на Жоао Педо Соса, ексасистент на тренерот во Евертон.
Летоска на заем во клубот се доведени 19 фудбалери. Сите засилувања го подигнаа квалитетот на клубот, но ги поткренаа и амбициите.
Фамалисао има најголем буџет не сметајќи го буџетот на големата чеворка во португалскиот фудбал (Бенфика, Порто, Спортинг и Брага).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дончиќ се повреди – веднаш го напушти теренот

Словенечката кошаркарска репрезентација загуби од Латвија со 100:88 во подготвителен натпревар пред Евробаскетот.
Освен поразот, Словенија може да биде загрижена и за статусот на Лука Дончиќ, кој се повреди во третиот период.
За разлика од натпреварот против Литванија, овој пат Словенците играа со Лука Дончиќ, кој веќе во првото полувреме покажа каква движечка сила е за тимот на Александар Секулиќ.
Во првото полувреме, кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс постигна 26 поени за 17 минути игра, заедно со четири скока, пет асистенции и две украдени топки.
Третата четвртина им донесе главоболки на Словенците, Дончиќ се повреди откако соиграчот Грегор Хроват падна врз неговото колено.
Ѕвездата на Лејкерс веднаш сигнализираше дека не може да ја продолжи играта, па го напушти теренот и се упати кон соблекувалната.
Подоцна, се врати на клупата, од каде што го следеше натпреварот до крајот.
Ова беше четвртиот пораз за Словенците во подготвките. Двапати загубија од Германија, а пред Латвија загубија и од Литванија.
Foto/ EPA/TOMS KALNINS
Luka Doncic’s teammate fell into him and the Lakers star appeared to injure his knee.
Doncic asked out of the game and went back to the Slovenia locker room. pic.twitter.com/RLSDjpeQkS
— ClutchPoints (@ClutchPoints) August 16, 2025
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ се прошетаа низ Вулверхемптон

Фудбалерите на Манчестер сити убедливо славеа на гостински терен кај Вулверхемптон (4:0), на почетокот од сезоната во Премиер лигата.
Ерлинг Халанд ја започна сезоната со два гола, а со по гол на официјален натпревар дебитираа Тижани Рејдерс и Рајан Шерки.
Сити ќе го пречека Тотенхем следната недела, додека Вулверхемптон ќе биде домаќин на Борнмут.
Премиер лига, 1. коло:
Сабота
Брајтон – Фулам 1:1 (0:0)
(О’Рајли 55п – Мунис 90+7)
Сандерленд – Вест Хем 3:0 (0:0)
(Маџенда 61, Балард 73, Исидор 90+2)
Тотенхем – Барнли 3:0 (1:0)
(Ришарлисон 10, 60, Џонсон 66)
Вулверхемптон – Манчестер Сити 0:4 (0:2)
(Халанд 34, 61, Рејндерс 37, Шерки 81)
Астон Вила – Њукасл 0:0
Недела
15.00 Челзи – Кристал Палас
15.00 Нотингем Форест – Брентфорд
17.30 Манчестер Јунајтед – Арсенал
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.