Спорт
Барселона го доби Вилјареал, Меси повторно се повреди! (видео)

Барселона со 2:1 го победи Вилјареал во шестото коло на Ла лига, за малку да ја врати довербата на сопствените навивачи по релативно лошиот старт на сезоната и поразот од 2:0 од Гранада во минатото коло.
На Каталонците како да им се брзаше, откако прво Антоан Гризман постигна гол во шестата минута за 1:0 водство, за Артур само девет минути подоцна да зголеми на 2:0. Меѓутоа, Вилјареал не се предаваше и ветеранот Санти Казорла со фантастичен гол намали на 2:1 во 44. минута од мечот.
Сепак, загриженост на „Ноу Камп“ секако имаше откако Лионел Меси на стартот на второто полувреме беше повлечен од игра со повреда на бутниот мускул.
Барса изддржа во второто полувреме за трета победа оваа сезона и скок на четвртото место со 10 поени, зад три тима со по 11 поени (Гранада, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид).
ЛА ЛИГА, 6.КОЛО
Валјадолид – Гранада 1:1
Реал Бетис – Леванте 3:1
Барселона – Вилјареал 2:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
НБА шампион пристигна во Басконија

Гвинејскиот кошаркар Мамади Диаките потпиша двегодишен договор со Басконија.
Во НБА, тој играше за Милвоки, Оклахома, Кливленд, Сан Антонио и Њујорк. Стана НБА шампион со Милвоки Бакс во 2021 година.
Дијаките ја помина минатата сезона во Вели Санс, филијалата на феникс во развојната НБА лига. Имаше просек од 13,6 поени, 8,4 скока и 2,2 асистенции по натпревар.
Кошаркарите на Басконија ќе го пречекаат Олимпијакос во првото коло од Евролигата на 30 септември.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Едерсон сака да го напушти Манчестер сити

Бразилецот Едерсон по осум години е подготвен да го напушти Манчестер сити. Сериозен интерес за него покажа Галатасарај. Челниците на турскиот првак испратија понуда од 10 милиони евра, но Манчестер Сити сè уште не ја прифатил.
Англискиот шампион го држи турскиот клуб во неизвесност бидејќи бара поголема отштета, па затоа сè уште не е постигнат договор меѓу клубовите.
Од друга страна, Едерсон и Галатасарај целосно се согласиле, бразилскиот голман сака трансфер и е подготвен веднаш да ги заврши лекарските прегледи, тврди германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Едерсон е во клубот од Манчестер во последните осум години. Тој има 372 настапи,, со клубот освоил 18 трофеи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Санчо ја одби Рома

Џејдон Санчо нема да ја продолжи кариерата во Рома, пишува „Скај Спортс“.
Италијанскиот клуб испрати понуда од 23,6 милиони евра за напаѓачот на Манчестер jунајтед, а Санчо во меѓувреме разговарал и со Римјаните. Сепак, тој одлучил дека сака да истражи други опции.
Како што објави „Скај Спортс“, одлуката не е поврзана со личните услови. Неколку клубови сè уште се заинтересирани за Санчо, меѓу кои се издвојува Борусија Дортмунд.