Забава
ОН со црвен аларм за опстанок на Сината Планета
Од планинските врвови па длабоко во океаните, климатските промени ги уништуваат нашите мориња и замрзнатите региони како никогаш досега. Научниците на панел дискусијата во ОН предупредија дека нивото на водата расте, мразот се топи, а видовите на организми се движат како резултат на човечките активности.
Како што се наведува, загубата на трајно замрзнатите земјишта од затоплувањето, се заканува да ослободи уште повеќе јаглерод. Постои скриена надеж дека можат да се избегнат најлошите влијанија, со длабоки и непосредни намалувања на емисиите на јаглерод.Ова е трето во низата специјални извештаи што ги изготви Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) во последните 12 месеци.
Научниците претходно размислувале како светот ќе се справи ако температурите се зголемат за 1,5 степени Целзиусови до крајот на овој век. Тие исто така информираа за тоа како земјиштата на Земјата ќе бидат погодени од климатските промени.
Сепак, оваа нова студија, во поглед на влијанието на зголемувањето на температурите врз нашите океани и замрзнатите региони е можеби најзагрижувачкото и депресивно.
Накусо, водите стануваат сè потполи, светскиот мраз брзо се топи, а тоа има влијание врз секое живо суштество на планетата.
„Сината Планета сега е во сериозна опасност, претрпе многу навреди од многу различни насоки и тоа е наша вина“, рече д-р Жан-Пјер Гатузо, главен автор на извештајот.
Научниците се „практично сигурни“ дека глобалниот океан се загревал без пауза од 1970 година.
Водите апсорбираа повеќе од 90% од дополнителната топлина што ја создаваат луѓето во текот на изминатите децении, а стапката со која ја презема оваа топлина е двојно зголемена од 1993 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.