Спорт
Хенес: Ако го тргнат Нојер од голот, наши фудбалери нема да играат за Германија

Во Германија трае расправата кој треба да биде прв голман на репрезентацијата, а сето тоа е зачинето со „војната со зборови“ што ја водат колегите и конкурентите Мануел Нојер и Марк-Андре Тер Штеген.
Голманот на Барселона Тер Штеген неодамна го искажа незадоволството од статусот што го има во националниот тим, на што најпрвин му одговори Нојер, а потоа и од најтрофејниот германски клуб Баерн.
Претседателот на Баерн, Ули Хенес, реагирал по информациите дека Тер Штеген сепак ќе добиел шанса на наредниот меч. Тој се заканил дека доколку се случи тоа нема да ги пушти играчите на Баерн да играат за репрезентацијата.
„Како би реагирал доколку Тер Штеген го замени Нојер? Доколку се случи тоа, нема да му дозволиме на ниту еден играч да игра за репрезентацијата“, се заканил во интервју за „Спорт1“, челникот на Баерн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чешка голгота на Фарсите Острови

Фудбалската репрезентација на Чешка доживува вистински кошмар. По шокантниот пораз против Фарските Острови (2:1), кој дефинитивно ги остави без шанси за директно пласман на Светското првенство, тие добија уште еден болен удар.
Иако сакаа што поскоро да ја напуштат малата земја, која ѝ припаѓа на Данска, густата магла и лошите временски услови го спречија нивното планирано враќање во Чешка.
Авионот требаше да полета во понеделникот, во 11 часот наутро, но не пристигна на Фарските Острови. Пилотот не можеше безбедно да се приближи до кратката писта, па се врати во Осло.
Бидејќи летот до норвешката престолнина трае околу час и половина, а потребно е дополнително време за полнење гориво, брзо стана јасно дека чешката репрезентација ќе биде „заробена“ на Фарските Острови некое време, пишува Sport.cz.
Друг авион наменет за партнери и спонзори на репрезентацијата, исто така, остана на земја. Летот беше одложен, а сите утрово беа вратени во хотелот. Само Лукас Хорничек и Томас Соучек успеаја да ги напуштат Фарските Острови бидејќи имаа летови до своите клубови во понеделникот наутро.
По враќањето во Прага, работна група предводена од претседателот на Чешката федерација ќе се состане и ќе одлучи за судбината на тренерот Иван Хашек, кој трпи жестоки критики, а навивачите бараат негово отпуштање.
Спорт
(Видео) Косово победи во Шведска

Фудбалската репрезентација на Косово направи голем чекор кон освојување на второто место во Б групата и пласман во баражот за Светското првенство. Косово, во Гетеборг ја победи Шведска со 1:0.
Со оваа победа, Косово стигна до седмиот бод, што е само три помалку од Швајцарија, која е на првото место со десет бода на две кола до крајот на квалификациите.
Единствениот стрелец на натпреварот беше Фисник Аслани во 32-та минута од натпреварот.
Косово, во наредната рунда ќе игра против Словенија во Љубљана, додека Шведска ќе игра против Швајцарија.
Во истата група, Словенија одигра уште еден натпревар без голови и со тоа се оддалечи од првите две места.
Од друга страна, Швајцарија може да биде задоволна од овој бод, бидејќи сè уште е на водечката позиција со три бода повеќе од Косово.
Подобар резултат не можеше да се очекува во Љубљана, бидејќи во текот на сите 90 минути не видовме ниту еден удар кон голот.
Foto/ EPA
Спорт
Милевски призна дека згрешил со формацијата и почетниот состав

Фудбалската репрезентација на Македонија и го препушти првото место на Белгија во квалификациската група Ј, за пласман на Светското првенство, откако одигра скромни 1:1 со Казахстан во Скопје.
Македонија е втора во групата со бод помалку од Белгија и три бода повеќе од Велс, но овие две селекции имаат натпревар помалку. Со оглед на распоредот што го има Белгија јасно е дека тие први ќе ја минат целта, додека Македоноја, во ноември, во Велс, во директен дуел со домаќинот ќе се бори за место во баражот.
Првото полувреме Македонија го одигра лошо и тој период го одреди понатамошниот тек од натпреварот.
Селекторот Благоја Милевски ја призна грешката, рече дека направил грешка со почетниот состав. Во неговата омилена формација 3-5-2, играше Рисотвски и Миовски.
„Влеговме малку нервозно во натпреварот, можеби и малку се почувствува заморот, но, сепак, сакам да им честитам на фудбалерите за се што дадоа на овие два меча против Белгија и вечерва против Казахстан. Со изданието во вториот дел, поблиску бевме до победа, меѓутоа не успеавме. Ако сега ме прашувате, на стартот немаше да играм со таа формација. Потоа направивме промени на полувремето и во вториот дел делувавме многу подобро“, изјави Благоја Милевски на прес-конференција.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија