Контакт

Вести

Единаесет мртви во експлозија на бомба на Филипини

Објавено пред

Единаесет луѓе загинаа а 21 се ранети во вторникот во јужните делови на Филипини во експлозија на бомба поставена на автобус на компанијата „Rural Transit“ чиишто возила и претходно беа цели на напади, соопшти за AFP портпаролот на армијата Кристијан Уи.

dobivaj vesti na viber

Бомбата експлодирала веднаш откако патниците се сместиле во автобусот во градот Марамаго, на островот Минданао, којшто е сцена на чести судири и насилства. Меѓу жртвите, има многу ученици, појаснил локалниот воен портпарол Норман Тагнос.

Минатиот месец во експлозија на бомба во автобус во сопственост на истата компанија беа повредени четири лица. Филипинските власти одговорноста за овие напади им ги припишуваат на муслиманските екстремисти.

На југот од Филипини се формирани многу вооружени групи откако во 1970 година започна вооружената борба ан муслиманите за формирање исламска држава во оваа мнозински христијанска област. Фронтот Моро, една од помоќните исламистички групации, потпиша мировен договор со владата.

Договорот претставуваше важен напредок во довербата меѓу владата и сепаратистичкиот Исламиски фронт за ослободување на Моро (MILF) кој долго време со сомневање гледаше на мотивите на централните власти во Манила во преговорите. Договорот беше постигнат на преговорите во малезиската престолнина Куала Лумпур во 2012 година, а со него е предвидено да се формира 15-члена преодна комисија која до 2015 година треба да предложи закон со кој ќе се формира новиот ентитет, којшто ќе ја замени сегашната автономија на регионот. Новиот ентитет и неговите надлежности ќе бидат одредени со плебисцитарно усвојување на суштинскиот закон.

Овој муслимански регион ќе добие поголеми политички и економски овластувања, вклучувајќи и воведување данок кој би ја намалил владината помош, потоа поголем удел во приходите од природните богатства и поактивна улога во внатрешната безбедност.

Овие планови сѐ уште може да бидат попречени со евентуалното одвојување на радикалните исламистички групи од MILF и нивното продолжување на борбата во регионот во кој се забележани врски со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Закана за договорот претставуваат и можните кланови коишто имаат под контрола некои области и сега би можеле да почувствуваат дека е загрозено нивното политичко влијание.

По четирите децении судири и речиси 15 години преговори за прекин на насилствата, сите повозрасни припадници на MILF, беа нестрпливи да ги видат резултатите од годините мировни преговори, сметаат аналитичарите. Челните луѓе на движењето, исто така, може да бидат мотивирани и со можностите за приходите од големите резерви нафта, гас и минерали во бунтовничките области, делот на вкупното минерално богатство на островот Миндао се проценува на 312 милијарди долари.

На југот на Филипините повеќе од 40 години продолжуваат крвавите судири меѓу владините сили и муслиманските бунтовници и меѓу нив самите. Во нив животите ги загубија околу 150 илјади луѓе, претежно на католичка страна, а повеќе од два милиона се иселени од своите домови.

Една од најрадикалните и најмоќни групи коишто може да го загрозат мировниот договор е Абу Сајаф (Носители на мечот) која е основана на почетокот од 1990-те со средства добиени од ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Во почетокот на 2004 година групата го изврши најголемиот во историјата на Филипини терористички чин кога во воздух го крена ферибот „Superferry-14“, при што загинаа повеќе од 200 луѓе.

Според филипинското разузнавање, Абу Сајаф брои околу 400 припадници. Сепак, според експертите, операциите против милитантите кои последниве неколку години филипинската армија и безбедносните сили ги водат советувани од американските воени советници, сериозно ја наруши способноста на екстремистите и натаму да извршуваат големи терористички напади.

Групата често прибегнува кон киднапирање за откуп поради финансирање на своите активности. Ако откупот не е платен на време, заложниците се погубуваат./крај/мф/

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија1 час

Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет2 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не биле наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку единствено...

Свет3 часа

Што би значел пакт „сличен на Член 5“ за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет3 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет15 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија16 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет18 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија19 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија19 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ21 час

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија21 час

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет22 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет23 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија23 часа

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ1 ден

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет1 ден

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет1 ден

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет1 ден

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...