Контакт

Вести

Кина откри 160.000 „фантомски“ државни службеници

Објавено пред

Кинеските власти во текот на минатата година откриле 160.000 „фантомски“ државни службеници кои примале плата иако воопшто не доаѓале на работа, јавија во понеделникот локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

 

 

Според наводите на весникот „Женмин жибао”, за време на акцијата која минатата година ја спроведе официјален Пекинг, плати се укинати за вкупно 162.629 непостоечки државни службеници, пренесе агенцијата АФП.

 

Најголем број на лажно вработени, околу 56.000 откриени се во провинцијата Хебеи на северот на Кина.

 

Кинескиот претседател Сји Ѓинпинг покрена обемна кампања против раширената корупција и злоупотреба на државни средства, поттикнат од бесот на јавноста против таквата пракса.

 

Проблемот со државните службеници кои примаат плата, а не доаѓаат на работа е еден од проблемите кои граѓаните најмногу го пријавуваа, пишува „Женмин жибао”, наведувајќи дека „фантомските“ службеници ќе бидат казнети, но не се прецизира за каква казна станува збор. /крај/

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

(Видео) Курто Дудуш ги повика скопјани Новата Година да ја дочекаат во Шуто Оризари: „Данела има недостаток на идеја“

Градоначалникот на Шуто Оризари ги повика скопјани на 31 декемри да дојдат на плоштадот во општината, најавувајќи богата музичка програма....

Топ2 часа

Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“...

Економија3 часа

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV...

Македонија4 часа

ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите

Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите...

Македонија4 часа

СДС тоне според рејтингот, но се обидува да го спаси и заштити Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС со секој изминат ден тоне во сопственото политичко мочуриште, СДС се губи на политичката мапа а рејтингот им е...

Македонија5 часа

„Измамата со кошничката се гледа во маркетите – повисоки цени наместо пониски“, велат од СДСМ

„Зголемените трошоци за живот се претворија во сериозен товар за македонските семејства. Наместо да се намалат цените сега се зголемија....

Македонија5 часа

Утрово, најладно во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најладно било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 се измерени во Попова Шапка, -5 во Скопје-Петровец,...

Европа5 часа

Сопругата на Асад побара развод, не сака да живее во Москва

Сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма ал Асад, поднесе барање за развод откако во Москва изрази незадоволство...

Регион6 часа

Ранетата учителка од „Пречко“ закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокира, ја разбесни и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад...

Регион7 часа

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад...

Свет7 часа

Мал авион се урна во шума во Мексико, најмалку седум загинати, објавени фотографии

Најмалку седум лица загинаа во падот на мал авион синоќа во шумска област во западната мексиканска држава Халиско. „Авион Цесна...

Свет7 часа

(Видео) Се урна мост во Бразил: едно лице загина, сулфурна киселина заврши во реката

Мост кој поврзува две бразилски провинции на северот на земјата се урна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а...

Македонија7 часа

Студен бран со врнежи од дожд и снег

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега

Ако Артан Груби бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука...

Македонија1 ден

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи, велат од Водовод

Секторот Санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација Скопје на ден 22.12.2024 година изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на...

Свет1 ден

(Фото+видео) Медицински хеликоптер падна врз болница во Турција, има загинати

Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турцијa. Несреќата се случила во градот Мугла,...

Свет1 ден

(Фото) Одреден притвор за мажот кој со автомобил влета на божиќен пазар во Германија, познати се нови детали за нападот

Мажот обвинет за убиство на четири жени и деветгодишно момче удрирајќи со автомобил во нив на божиќен пазар во германскиот...

Македонија1 ден

Денеска сонце, од утре снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта...

Свет2 дена

(Фото) Двајца доктори од Македонија учествувале во спасување на повредените во терористичкиот напад во Германија

Двајца македонски доктори учествувале во лечење на повредените од синоќешниот напад на Божиќниот базар во Магдебург, објави Амбасадата на Македонија...

Регион2 дена

Албанија го забрани ТикТок откако тинејџер беше смртно прободен минатиот месец

Албанија објави едногодишна забрана за TikTok по убиството на тинејџер минатиот месец, што ги зголеми стравувањата за влијанието на социјалните...