Вести
Во оригиналот на Декларацијата за независност на САД откриена грешка

Професорката на американскиот универзитет Принстон, Даниел Ален пронашла непотребна точка во оригиналниот текст на американската декларација за независност, којашто според неа може да предизвика „длабоко недоразбирање“ на целиот документ.
Како што вели за весникот The Telegraph, потврда за таа грешка е фактот што во сите следни публикации на декларацијата, отсуствува овој дополнителен член.„Членот создава впечаток дека листата очевидни вистини завршува со правото на живот, слобода и стремеж кон среќа“, вели професорката. Но истовремено, подеднакво е важно што во следниот член во декларацијата е наведено тоа дека значајна улога во достигнувањето на тие слободите треба да игра државата, додава Даниел Ален. „Логиката го претпоставува следното: движењата одат до вредноста на личните права кон важноста на државата, којашто служи како инструмент за заштита на тие права. Во следните точки таа логика се губи“, појаснува професорката. Размислувањето на Ален го предизвика интересот на медиуми во пресрет на годинешната прослава на Денот на независноста на Соединетите американски држави. На 4-ти јули 1776 година, претставници на 13 држави го потпишале документот со кој е прогласена независноста на САД од Велика Британија.Уставниот проект на Томас Џеферсон од 28-ми јуни 1776 година бил претставен пред Континенталниот конгрес и во него биле внесени незначителни измени, посебно бил изземен разделот кој го осудувал ропството и робовладетелството. На 4-ти јули текстот бил едногласно одобрен, потврден со потписот на претседателот на Конгресот, Џон Хенкок и секретарот Чарлс Томсон и прочитан на глас пред сите присутни во зградата во којашто заседавал Континенталниот конгрес.Тоа е првиот документ во историјата кој го прогласува принципот на народен суверенитет како основа на државното устројство кој ја отфрла теоријата за божественото потекло на власта. Декларацијата за независност на САД го утврдува правото на народот на востание и соборување репресивна власта и ги промовира основните идеи на демократијата – еднаквост на луѓето, и „неоттуѓивите права, меѓу кои се животот, слободата и стремежот кон среќа“./крај/мф/сн
Извор: The Telegraph
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.