Топ
Две лица од Охрид и Струга заработија кривични, изградиле објекти без одобрение

Против две лица од Струга и Охрид поднесени се кривични пријави за бесправно градење.
Во првиот случај кривична е поднесена против 58-годишник од Струга, кој како сопственик и инвеститор изградил објект за домување, без одобрение за градба.
МВР јави дека објектот бил изграден на улицата Прва македонска ударна бригада.
Во вториот случај поднесена е кривична пријава против 66-годишна жена од селото Долно Лакочереј, Охридско. И таа како сопственик и инвеститор изградила објект за домување, без одобрение за градба, информираат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски очекува на 24 јуни Бугарите да го повлечат барањето пред македоснкиот јазик и идентитет да стои „сегашен“: Ете им прилика на дело да го покажат она што го зборуваат

Премиерот Христијан Мицкоски нема голема верба во она што го зборуваат Бугарите за спорот околу идентитетот и јазикот оти од официјална Софија стигнуваат многу различни пораки. По изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев во Тирана во која вели дека не станува збор за вето или блокада, туку за потреба од исполнување на обврските од преговарачката рамка кои земјава веќе ги прифатила, Мицкски вели дека Бугарите на 24 јуни 25 е имаат прилика на дело да го покажат она што го зборуваат.
„Нашите стари рекле помалку случај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве имаме таква можност да го покажат тоа што го зборуваат, на 24 јуни на комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент се наоѓа извештајот во кој што очекувам бугарските членови на Европскиот парламент да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или презент, и во рамките на европскиот дух да биде усвоен тој извештај, а потоа и патоказот на малцински права кој што многу скоро ќе биде на дневен ред. Ете имаат можност тоа што го зборуваат и на дело да го покажат“, рече премиерот Мицкоски денес при посетата на Битола.
Во име на добрососедските односи, премиерот Мицкоски очекува бугарската страна да прифати средба во рамките на состанокот во Хаг, да разговараат и за Коридорот 8 за и таму да тргне работата и овој проект да им биде приоритет.
Бугарскиот претседател, Румен Радев, вчера во Тирана изјави дека нема да има значајни поместувања во однос на евроинтеграцијата на Северна Македонија доколку не се испочитува Преговарачката рамка. Тој нагласи дека Бугарија не поставува нови услови, туку инсистира на целосно спроведување на веќе усвоените договори – како што се Договорот за добрососедство од 2017 година, два билатерални протоколи, и Преговарачката рамка од 2022 година.
Македонија
„Граѓаните да не креваат паника, лисиците не се опасни и не напаѓаат луѓе“, апелираат од „Анима мунди“

Во последните неколку дена се појавија видеа за присуство на лисици во подножјето на Водно, во населбата Козле (мајка со малечки), како и на други места низ Скопје. Од Анима Мунди апелираат до граѓаните да не креваат паника – овие животни не се опасни и не напаѓаат луѓе.
„Лисиците, како и многу други диви животни, сè почесто се приближуваат до урбаните средини поради загуба на природните живеалишта, уништување на шумите, градежна експанзија и недостиг на храна. Ова не е закана, туку јасен сигнал дека и тие бараат начин да опстанат.
Лисиците се плашливи, интелигентни и претежно ноќни животни кои се плашат од луѓето и избегнуваат контакт. Присуството на лисици во урбана средина не значи дека се болни или агресивни. Напротив, во многу големи градови како Лондон, Берлин, Торонто, па и Љубљана, лисиците веќе се дел од урбаната дива фауна и живеат паралелно со луѓето без никакви инциденти.
✳️Што треба да направите ако видите лисица?
• Не обидувајте се да ја бркате, фаќате или храните.
• Не оставајте остатоци од храна или отворени канти за ѓубре, затоа што тоа ги привлекува.
• Ако сте со домашно милениче – држете го на поводник и останете смирени, лисицата ќе избега.
• Пријавете ако видите повредена или залутана лисица.
Лисиците се дел од природата на нашата земја. Нека незнаењето не биде храна за ирационален страв и отпор. Наместо тоа, потребна ни е свесност, почит и разбирање кон овие животни кои се обидуваат да опстанат. Ве повикуваме да бидеме град кој живее во хармонија со природата“, се наведува во соопштението на Анима Мунди.
„Лисиците се редовни жители на Водно и често се забележуваат и во градските населби како Жданец, Водно, Козле и Нерези. Забележувањето на мајка со млади е јасен показател дека се работи за здрави единки.
Лисиците, како и другите животни кои се опортунисти во исхраната, лесно може да бидат привлечени во градските и селските средини од органски отпад кој не се селектира и не се собира редовно“, коментираат од Македонското Еколошко Друштво (МЕД).
Македонија
Данела Арсовска до Орце Ѓорѓиевски: Дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за „Усје“

„Добро утро, Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е што ти досаѓам, гарант ќе ти преседне утринското кафе со Хрисафов од ‘Усје’, знаеш она истото ‘Усје’ што го загадува Скопје!“, напиша градоначалничката Данела Арсовска на социјалните мрежи.
„Туку дај одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за ‘Усје’, а бидејќи си јак претседател на сите општини на ЗЕЛС, ингеренциите на секоја општина, вклучително и на својата, добро ги знаеш (се надевам).
1. Интегрираната А-лиценца на ‘Усје’ не е надлежност на Град Скопје, туку е надлежност на Министерството за животна средина на Изет Меџити, ама нему не смееш ни да му писнеш.
2. Град Скопје како единица на локалната самоуправа е единствената општина што правела надзор врз ‘Усје“ иако ИСТИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ ГИ ИМАШ И ТИ (ама тебе или ти е страв или имаш интерес, па глумиш ненадлежен).
3. Секој градоначалник, вклучително и ти, може да влезе во заеднички надзор по лично барање со Државниот инспекторат за животна средина во кој било индустриски објект, тоа како претседател на ЗЕЛС исто би требало да го знаеш.
4. Јас поднесов кривична пријава за ‘Усје’ за УТВРДЕНОТО ЗАГАДУВАЊЕ пред 2,5 години и трпам закани постојано, ама за тоа треба храброст, а не оправданија.
На ‘Усје’, иако му се измерени 300 % ПМ 10-честички над дозволеното и ниво на азотни оксиди NOx 711,9 милиграми на м3, што е двојно повеќе од дозволеното, СЀ УШТЕ НЕ МУ Е ОДЗЕМЕНА ИНТЕГРИРАНАТА ЕКОЛОШКА А-ЛИЦЕНЦА од Министерството за животна средина на Изет Меџити, ама има тој други посериозни проблеми, не му е до животната средина“, пишува Арсовска.