Спорт
Белоти ги „казни“ Милан (видео)
Милан го доживеа и третиот пораз во само пет кола во италијанската Серија А, откако Торино со пресврт стигна до 2:1 победа во нов фрустрирачки меч за тимот на Марко Џампаоло.
А, работите тргнаа толку добро за „росонерите“ – пенал во 18. минута, кој Кшиштоф Пјонтек го реализираше за да ја круниса добрата игра во првиот половина час на неговиот тим.
Последните 20-тина минути од мечот беа вистински кошмар за гостите. Андреа Белоти прво во 72. минута постигна гол по една долга топка од Музакио, а Џиџи Донарума реагираше лошо за израмнување на 1:1. Веднаш потоа црвен картон доби ветеранот Пепе Реина, кој воопшто не беше на теренот, туку на клупата.
Само четири минути подоцна, Белоти со интересен гол со ножички ја запечати судбината на Милан за голема победа за „биковите“, нивна трета оваа сезона, но прва по два порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина од „белата точка“ до финалето во Конференциската лига
Фиорентина се пласира во финалето на Конференциската лига, откако вечерва во Бриж, против домаќинот одигра 1.1.„Виола“ првиот натпревар го доби со 3.2. Тимот на Винченцо Италијано го повтори успехот од минатата сезона, кога исто така се бореше за трофејот, но не успеа да го освои. Во финалето загуби од Вест Хем со 1:2.
Бриж ја анулира предноста на Фиорентина во 20.минута, кога Де Кујпер го совлада одличниот Терачано.
Куаме потоа ја погоди гредата, а во втроиот дел Бираги од слободен удар ја погоди гредата, а Куаме стативата.
На крајот човекот кој погоди во 92.минута, во првиот меч, Нзонзи избори пенал во 83.минута. Сигурен реализатор беше Белтран.
Противникот во финалето Фиорентина ќе го дознае утре, по реваншот Олимпијакос-Астон Вила. Олимпијакос го доби првиот меч во Бирмингем со 4:2.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.