Македонија
Шекеринска: Храбрите политички потези и домашните реформи водат до НАТО и ЕУ
Влијанието на храбрите политички одлуки врз големите, сеизмички промени во општествата, како и поврзаноста на нашата држава и регионот со Европа и Евроазија беа темите на кои се осврна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешниот панел насловен „Геополитиката на поврзаноста“, како дел од „Europa Connectivity Forum“ во Брисел.
„Политичките одлуки можат навистина да ја забрзаат или застанат сеизимичката промена и доаѓајќи од земја која неодамна реши некои големи проблеми, гледам на сеизмичките промени како нешто позитивно, како на можност, а не како на ризик. Пред неколку години нашата земја беше во сериозна политичка криза – прашања како владеењето на правото, слободата на медиумите, човековите права беа систематски загрозувани“, рече министерката и додаде дека пред да можеме да зборуваме за поврзаноста и односот со ЕУ, мора најпрво да се погледнеме себе си и својот регион. Истакна дека токму поради храбрите потези – Договорот со Бугарија и историскиот Договор со Грција, очекуваме нашата земја да стане следната членка на НАТО до крајот на оваа година, и да ги започне преговорите за членство со ЕУ во средината на октомври.
Тоа е, истакна, сеизмичка промена за целиот регион, промена која покажува дека ако се покаже лидерство во решавањето на тешките проблеми, се овозможува до израз да дојде една нова геополитичка реалност.
Министерката побара поголема агилност од европските структури во процесот на интеграција во Унијата со цел развој на железничката инфраструктура во регионот бидејќи сите земји од регионот се борат со климатските промени и загадувањето на животната средина.
Од аспект на развојот на поврзаноста, министерката спомена дека мора да се размислува и да се зборува за солидарност, и да се овозможи еднакви можности за поврзување и соработка.
„Европската Унија мора да биде поамбициозна, повеќе да бара од нас и да го забрза отворањето на можностите кои отсекогаш беа дел од платформата за поврзаност во рамките на Унијата“, заклучи министерката Шекеринска.
Форумот за европска поврзаност беше отворен од претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер и премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, кои го потпишаа и првото Партнерство за поврзаност помеѓу Европската Унија и Јапонија. Почесни гости на настанот беа и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и премиерот на Финска, Анти Рине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

