Спорт
Ферстапен го победи Леклер на вториот тренинг во Сочи, од Мерцедес пак слаби
Макс Ферстапен со Ред бул постави најдобро време на вториот тренинг пред руското ГП во Сочи победувајќи го Шарл Леклер, кој беше најбрз на првата сесија на патеката во Сочи, а шампионите од Мерцедес не покажаа многу.
По приближувањето зад Леклер на првиот тренинг на „Сочи автодромот“, Ферстапен беше побрз за три десетинки од секундата од Леклер поставувајќи најдобар круг од 1:33.162 на меки гуми, иако се пожали дека немал совршен последен сектор.
Леклер беше втор пред двојката на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кои не можеа да го достигнат времето на своите ривали – Ботас заврши шест десетинки од секундата зад Ферстапен, а Хамилтон заостана дополнителни две десетинки. Хамилтон, покрај тоа, имаше еден опасен момент со Александер Албон во вториот Ред бул кога за малку ќе се судреа на третата кривина.
Себастијан Фетел имаше лоша сесија со неколку грешки за да биде петти со една секунда заостанување зад Ферстапен. По него, следуваше Пјер Гасли за Торо росо на 6. место пред Серхио Перез, Нико Хилкенберг и Ленс Строл, а Албон беше 10. бидејќи имаше малку време на патеката поради оштетување на подот на болидот.
CLASSIFICATION: END OF FP2
Max Verstappen takes P1 in FP2, ahead of Charles Leclerc ?
Mercedes break into the top three with Valtteri Bottas#RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/1JnkTA6LuY
— Formula 1 (@F1) September 27, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

