Македонија
Арсовски: Фирма во која до лани косопственици биле Заеви добила 220.465 евра од Фондот за иновации
Фирмата „Пауер АД“ во која до 7 август минатата година косопственици биле Заеви, преку фирмата „Еленица“ која што исто е во нивна сопственост добила грант од Фондот за иновации од 220.465 евра, рече денеска пред новинарите, портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој истакна дека фирмата сега се води на име на Митко Христов кој до лани бил косопственик на Заеви и основач на истата фирма, а како нејзин промотор се јавува синот на Митко Христов, Петар Христов.
Опозицијата верува дека е симптоматично тоа што фирмата била отворена на 9 февруари, а повикот за грантот бил објавен само два месеци по основањето на компанијата.
„Заев лажеше јавно дека неговите фирми не конкурирале на повиците за субвенционирање. Еве гледаме доказ дека лажат. А нормално, кој лаже тој и краде. Смешно е дека се работи само за една изработена мобилна апликација, за која наредните денови ќе обзнаниме нови детали. Дополнително, фирмата „Пауер АД“ и нејзиниот промотер Петар Христов, кој е син на сопственикот фино е на јавноста да и појасни околу потеклото на неговиот имот и дали можеби со парите од Фондот за криминални иновации си купил Порше Панамера, автомобил кој чини стотина илјади евра?“, праша Арсовски.
Опозициската партија додава дека вистината е оти овој грант бил со намена да се испумпаат парите на граѓаните и да отидат во џебовите на функционерите на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

