Македонија
Отворена Унгарска национална трговска куќа во Скопје
Унгарската национална трговска куќа отворена е во понеделникот во Скопје од острана на унгарската Влада и унгарската стопанска комора за трговија и индустрија во насока кон барање на нови пазари и нови можности за унгарските компании.
Националната трговска куќа е дел од новата стратегија на унгарската влада „Отворање кон исток“.
„За нас, како земја домаќин, изборот токму во Република Македонија да биде отворена Унгарска национална куќа, наспроти останатите земји во регионот, пред сѐ значи чест и привилегија, но и можност за продлабочување на соработката преку проширување и унапредување на билатералната економска соработка меѓу Унгарија и Македонија“, истакна министерот за економија Беким Незири.
Тој оцени дека со отворањето и постоењето на Унгарската национална трговска куќа во Македонија се овозможува унапредување на економската соработка меѓу двете земји, преку реализирање на нејзината основна цел – олеснување на контактите меѓу македонските и унгарските компании и јакнење на меѓусебната деловната соработка
„ Во таа насока би сакал да им порачам на бизнисмените максимално да ја искористат оваа прилика и да започнат многу нови успешни приказни на соработка, а со тоа да воспостават и нови правци на трговската соработка“, подвлече Незири.
Според заменик министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто, денешното присуство на министрите на овој свечен настан е доказ повеќе за приврзаноста на Владата на Република Македонија кон понатамошното унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Унгарија.
„Владата на Унгарија, исто така, се обврза да работи на унапредувањето на билатералните односи. Во нашата надоворешно-трговска стратегија, Република Македонија има значајно место. Унгарија располага со едно многу отворено стопанство и нашата надворешно-трговска стратегија во голема мерка влијае врз вкупните резултати на националното стопанство. За нас е многу важно успешно да настапуваме на пазарите на Средна Европа и на Западниот Балкан. И бидејќи со Македонија имаме изградено извонредни политички односи, ја сметаме за важен партнер на Унгарија. Република Мекдонја во изминатиот период постигна изнворедни економски резултати, и ова е добра шанса да ја унапредиме меѓусебната соработка, особено во делот на малите и средни претпријатија“, истакна Сијарто.
Сијарто изрази уверување дека соработката меѓу малите и средни претпријатија ќе биде мотор за подобрување и прогрес на меѓусебните економски односи, а
задачата на оваа трговска куќа ќе биде да изгради што поефикасни и што подобри меѓусебни партнерски односи.
На церемонијата на отварањето присуствуваа и министерот за надворешни работи Никола Попоски, генералниот директор на Унгарската национална куќа Георги Керекес и Амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јосеф Бенце. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

