Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Струшко
Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат за струшкото село Долна Белица. Несреќата се случила помеѓу два автомобила „мерцедес“.
Во незгодата тешки телесни повреди добила Х. Л., а телесни повреди добиле Џ. Ш. и две сопатнички од двете возила, А. Л. (45) и И. Ж. (76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св. Еразмо“ во Охрид за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога
Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога.
Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.
При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина жител на Кавадаречко, го прегазил трактор
Денеска во 09:00 часот во полиција е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.
Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Македонија
Откриен еден од убијците во Чашка, по вториот се трага – жртвата намамена, застрелана во главата и оставена покрај патот
Велешкото Обвинителство донесе Наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител за убиство.
На 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, осомничениот заедно со уште едно лице кое се уште не е идентификувано, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев.
Најпрво осомничениот го намамил и со својот автомобил го однел оштетениот на локацијата. Потоа заедно со другото лице пукале во него со огнено оружје, нанесувајќи му прострелна рана во черепот од која жртвата починала.
Осомничениот претходно бил сторител на кривично дело разбојништво, а според дел од доказите кои веќе се обезбедени, по убиството во Чашка се обидел да ги прикрие трагите и со тоа да влијае на постапката.
Од тие причини, за јавниот обвинител јасни се опасноста од бегство, можноста за влијание на сведоците и ризикот да го повтори делото, па достави предлог за определување мерка притвор.
По наредби на јавниот обвинител МВР интензивно работи на откривање и на другиот соизвршител, како и на точните мотиви за убиството.

