Европа
Амстердам со највисока туристичка такса во Европа

В година Амстердам ќе им наплаќа уште повисока туристичка такса на своите посетители, која би можела да стане највисоката во Европа.
Престолнината на Холандија ќе додаде данок од 3 евра за лице од вечер за патниците што престојуваат во хотелите, згора на оние 7 отсто од цената на собата што веќе ги наплаќа.
Овој потег значи дека за една ноќ во хотел со една ѕвезда во Амстердам речиси сигурно ќе се плаќа поголем данок од оној во најдобрите хотели со пет ѕвезди во другите поголеми европски метрополи.
Тим Ферхурст, директор за политика за ЕТОА (Европска асоцијација за туризам), за Си-ен-ен изјави дека тоа веројатно ќе ја направи просечната туристичка такса во Амстердам највисока во Европа.
Како за пример, хотелот со една ѕвезда „Рембрант сквер“ на 28 март нуди двокреветна соба со заедничка бања за 132,46 евра. Згора на тоа, туристичката такса ќе достигне 15,97 евра – 9,97 евра за данок на соба плус 3 евра од патник.
Во Берлин, каде што туристичката такса е 5 отсто, најскапиот хотел на тој датум – хотелот „Адлон Кемпински“, каде што престојувале Барак Обама, Анџелина Џоли и Мајкл Џексон, наплаќа 249,35 евра за собата и 11,65 евра за туристички данок.
Рим во моментот има највисок фиксен данок во Европа од 7 евра за лице за една вечер во хотел со пет ѕвезди. Тоа значи дека дури и соба во хотелот „Де Руси“, која чини 815 евра на 28 март, ќе претрпи помал данок, 14 евра, од хотел со една ѕвезда во Амстердам.
Дури и во јануари, надвор од туристичката сезона, за една ноќ во највисокорангираниот хотел со една ѕвезда во Амстердам, ќе треба да се плати повисок туристички данок отколку за престој во еден од 11-те хотели во Париз за кои се проценува дека се толку „исклучителни“, што се над пет ѕвезди.
Децата под 16 години се ослободени од новиот данок на Амстердам, а камповите ќе наплатуваат само едно евро за лице.
А ако изнајмувате преку Airbnb, постојната такса ќе се зголеми на 10 отсто од цената за изнајмување.
Ваквиот чекор доаѓа како резултат на преголемата посетеност на Амстердам, кој се бори со напливот на туристи. Секоја година градот го посетуваат 18 милиони посетители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четвртокот во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Процената на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на „Телеграм“. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментира до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин