Забава
(Видео) 24-годишник се ожени со 81-годишна жена за да не служи војска
Млад маж од Украина успеа да избегне служење воен рок останувајќи две години во брак со жена што е 57 години постара од него. И покрај многуте критики, законот е на неговата страна.
Кон крајот на 2017 година Александар Кондратјук добил повик за служење едногодишен воен рок. Сите воено способни Украинци на возраст помеѓу 18 и 26 години мора да поминат воена служба, а исклучок од тоа правило настанува само доколку се одговорни за жена со инвадилитет. Александар некако успеал да ја увери 81-годишната баба да се омажи за него.
За две години, тој ќе стане стар за служење воен рок и тогаш веројатно ќе се разведе од својата сопруга, пишуваат украинските медиуми.
Бизарниот случај почна да ги полни насловните страници во медиумите на почетокот на минатата година кога воениот аташе поднесе пријава до обвинителството со надеж дека ќе успее да го поништи бракот.
Од војската беа уверени дека Александар ги лажирал документите за да го избегне служењето на воениот рок, но истрагата покажа дека парот легално се венчал. Кога стигна потврдата дека бракот е законски, војската се откажа. Сепак, украинскиот печат повторно ја оживеа приказната прашувајќи ги претставниците на војската што планираат да преземат во врска со овој случај.
Кондратјук негира дека со жената се оженил за да ја избегне војската и тврди дека има чувства за неа. Неговата сопруга пред новинарите изјави дека Александар е добар сопруг и се грижи за неа.
Соседите на жената, од друга страна, пред медиумите рекоа дека нивниот брак е измама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

